За Голема Богородица епископот Стојанов служеше во Катедралата во Струмица

За Голема Богородица епископот Стојанов служеше во Катедралата во Струмица

За празникот „Успение на Пресвета Богородица“ епископот Стојанов служеше во Струмица и Нова Маала

По повод празникот „Успение на Пресвета Богородица“ во истоимената катедрала во Струмица, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов служеше света архиерејска Литургија, на која сослужуваа свештеници од Струмичко – скопската епархија и Скопска бискупија.  Светата архиерејска Литругија започна со свечена процесија, а до верниците со пригодна проповед се обрати епископот Стојанов.

На крајот од Литургијата во дворот на црквата монс. д-р Киро Стојанов го благослови заедничкото агапе.

Во предвечерието на празникот, 27 август, Н.В.П. монс. Стојанов служеше архиерејска Литургија во парохиската црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала.

Празникот Успение на Пресвета Богородица покрај тоа што е патрон празник на катедралата, воедно е патрон празник и на Струмичко – скопската епархија. На 2 декември 2018 година во Струмица Апостолскиот егзархат во Македонија беше воздигнат во епархија, а дотогашниот Апостолски егзарх монс. Стојанов е инаугуриран за Струмичко – скопски епарх.

к.мк/Фото: Струмицанет

Категорија: Вести, Македонија

За авторот