Продолжува Големата мисија на плоштадот Гоце Делчев во Струмица

Струмица, 21.5.2013 /к.мк/ – Во недела, 19 мај на плоштадот Гоце Делчев во Струмица се одржа втората средба од „Големата мисија“. На оваа средба се говореше на тема: „Зошто живеам? Која е целта на мојот живот?“. На катехезата присуствуваа повторно околу стотина слушатели.

Сите поставуваме разни цели во животот, брак, деца, работа, подобра егзистенција, сигурност… на овие прашања имаме одговор и се стремиме кон исполнување на овие цели. Но на прашањето: Зашто живеам, немаме одговор. За него не размислуваме, или пак размислуваме сосема површно. Се поставува и прашањето: Ако со смртта сė завршува, дали нашите цели имаат смисла, дали животот има смисла? Преку оваа катехеза слушателите имаа можност да слушнат одговори кои се темелат на Евангелието.

Подетален одговор ќе биде даден на следната средба, на 26 мај, повторно на плоштадот Гоце Делчев во Струмица со почеток во 16.00 часот. На третата катехеза ќе биде навестена Керигмата, Радосната вест.

Категорија: Македонија

За авторот

Write a Comment

<