Епископот Стојанов присуствуваше на средбата „Едно поинакво кафе“

Епископот Стојанов присуствуваше на средбата „Едно поинакво кафе“

Во петок 10 октомври 2025 година Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епископ Н.В.П. монсињор д-р Киро Стојанов, во Клубот на претеници во Скопје присуствуваше на настанот под наслов „Едно поинакво кафе“, организиран од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ)

Покрај него на средбата присуствуваа и останатие поглавари на цркви и верски заедници впишан во Уставот: Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г.г. Стефан,, Реис ул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи, суперинтендентот на Евангелско-методистичката црква, о. Марјан Димов, претседателот на Еврејската заедница г. Пепо Леви, како и директорката на Комисијата, г-ѓа Оливера Трајковска.

На средбата присутни беа и млади од Католичката црква, Еврејската заедница и Евангелско-методистичката Црква, како и студенти од Богословскиот Факултет и Факултетот за исламски науки.

Средбата има за цел продолжување на соработката межу Црквите и верските заедници во духот на заедништво, меѓусебно пријателство, толеранција и почитување.

к.мк

Фото  – ФБ КОВЗРГ

Категорија: Вести, Македонија

За авторот