Епископот Стојанов во посета на Хрватска и Словенија

Епископот Стојанов во посета на Хрватска и Словенија

Монсињор д-р Киро Стојанов од 20 до 22 март 2024 година беше во посета на Хрватска и Словенија, остварувајќи работни средби со повеќе челни луѓе на Црквата во овие земји. Во Хрватска се сретна со директорот на Хрватски Каритас фра Томислав Главник, со генералниот секретар на Хрватската епископска конференција монс. д-р Крунослав Новак. Во седиштето на ХБК оствари средба и со директорот на Каритас на Босна и Херцеговина, монс. д-р Томо Кнежевиќ.

При посетата на Словенија оствари средби со претседателот на Словенечката епископска конференција и епископ на Ново Место, монс. д-р Андреј Саје. На средбата присуствуваше и Генералниот викар на епархијата монс. Петер Кокотец. Бискупот Стојанов се сретна и со водството на Опатијата Стична, патер Максимилијан Филе и проф. Николај Арацки Росенфелд, како и со отец Цирил Плешец во Брег об Сави и патер Иван Арзеншек во Петровче. Посетата ја заврши во Епископското седиште на цељската епархија каде оствари средба со монс. д-р Максимилијан Матјаж, епархиски ординариј и Генералниот викар на епархијата и претседател на епархискиот каритас Целје, о. Рок Метличар.

Средбите поминаа во пријателска атмосфера, со размена на братски искуства и со изразно искажана желба за поголема соработка во иднина, пред се во работата на каритативно поле каде Католичката Црква во овие три земји, во Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина има големо искуство и огромен придонес на социјално, едукативно и хуманитарно поле преку делувањето на Каритас. Во придружба на епископот Стојанов, беше и директорот на Македонски Каритас д-р Зоран И. Стојанов.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот