Епископите од Тоскана во посета „ad Limina“

Вчера Светиот Отец ги прими во аудиенција првата група на епископи од италијанската покраина Тоскана, а денес, петок 12 април, во која беше и епископот на Ливорно монсињор Симоне Џусти којшто во разговор со нашиот новинар се осврна на средбата со Папата.

Прекрасно! Папата Фрањо знае да слуша, но и како добар татко знае и да советува. Сакаше да се запознае со проблемите на нашите епархии, на мојата епархија, а потоа како добар татко ни даде некои совети и нѐ охрабри. Беше навистина една убава средба, истакна епископот Џусти.

На прашањето како неговите верници го доживуваат Папата, рече дека го разбираат по гестовите коишто ги прави и по едноставните зборови што ги изговара, но посебно по гестовите, бидејќи кажуваат повеќе од самите зборови, посочи епископот.

Зборувајќи пак за разговорот со Светиот Отец, изјави дека му кажале на Папата за цврстата вера во Тоскана, дека народот е католички, но и за загриженоста за големо искушение поради силната секуларизација и лаицизмот. На ова Папата  одговорил дека им препорачал најмногу да работат со младите. На младите не смее никој да им ја одземе надежта. Направете сѐ за да не им ја украде некој на младите надежта и радоста, рекол Папата.

На прашањето како Светиот Отец гледа на улогата на парохијата, епископот Џусти ги пренесе зборовите на папата Фрањо, одговарајќи: Парохијата е основа во воспитувањето на младите и претставува средно училиште за христијанскиот живот. Освен тоа, важна е и улогата на другите воспитни установи како што се Католичката акција и здружението на католичките извидници кои ги подготвуваат младите за сведочење на христијанската вера во своите средини, рече епископот Џусти.

 

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<