Римската Црква е основана врз крвта на светите Петар и Павле

По Литургијата на празникот свети Петар и Павле, Папата од прозорецот на Апостолската палата ја предводеше молитвата Ангел Господов и ги повика верниците да молат за неговото патување во Латинска Америка – во Еквадор, Боливија и Парагвај – на кое ќе појде на 5 јули.

Славното наследство на свети Петар и Павле е мотив за духовна гордост на Рим, но истовремено е и повик за живеење на христијанските крепости: особено верата и љубовта: верата дека Месијата е Божји Син, што прв го исповедал Петар, а Павле им навестил на народите и љубовта во која римската Црква со општ хоризонт е повикана да служи – рече Папата пред молитвата Ангел Господов на 29 јуни, на празникот на апостолските Прваци, на чие сведочење, запечатено со крвта е основана црквата во Рим.

Папата со празник ја поврза и Блажена Дева Марија. Во евангелизациското делување двајцата апостоли се наоѓаат во корените на побожноста на Римјаните кон Блажена Дева Марија, која посебно ја нарекуваат како Salus Populi Romani – спас за римскиот народ. Марија, Петар и Павле: тие се наши сопатници на патот на потрагата по Бог, наши водачи на патот на верата и светоста. Тие нè упатуваат на Исус за да направиме сè што ќе ни каже – рече Папата.

Светиот Отец го спомна предавањето палиум, изразувајќи надеж дека тоа не само што ќе ја зајакне врската на заедништво со Петровиот Престол, туку ќе биде и поттик за секогаш великодушно служење на луѓето кои им се доверени за пасторална грижа. Исто така потсети на присуството на делегацијата на екуменскиот патријарх Вартоломеј I, поттикнувајќи на молитва за зајакнување на врската помеѓу католиците и православните на патот кон единството.

По молитвата Ангел Господов, Папата ги поздрави собраните поклоници, на прво место сите Римјани кои денес ги слават своите заштитници. Потсети дека следната недела ќе ги посети Еквадор, Боливија и Парагвај. „Сите вас ве молам да ме следите со молитвата, за Господ да го благослови тоа мое патување во Латинска Америка, мене толку драго – како што можете да замислете“ – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот