Европските епископи: Законите и политиката треба да бидат поддршка за семејствата

Постапката за поништување на брак, таму каде што бараните услови се очигледни, треба да се забрза и да се направи поедноставна – е барањето кое преседателите на европските бискупски конференции го упатија на своето општо собрание одржано во Рим од 2 до 4 октомври, на тема „Семејството и иднината на Европа.“

Иако примерите се различни, бројни бракови денес изгледаат неважечки – пишуваат епископите во завршното соопштение објавено на 6 октомври. Со оглед на драмите кои водат до неуспех на бројни бракови, на собранието освен повикот на истрајност, произлезе и потребата за поедноставување и забрзување на постапката за поништување на бракот, во случаи во кои бараните претпоставки се јасни. Само пасторал кој знае да биде внимателен кон луѓето и верен на Божјото Слово може со гестови и зборови да ја навести убавината на семејството, па и во моментите на криза и може да стане сведоштво на милосрдната Божја љубов – истакнато е во соопштението.

Напоменувајќи дека таа средба на европските епископи пред сѐ беше момент на размислување за прашањата и појавите кои се однесуваат на семејството и пасторалот за семејствата во Европа денес и тоа во пресрет на почетокот на Синодата за семејството, епископите истакнаа дека на собранието дошло до првиот многу уверувачки заклучок, а тоа е дека семејството не е проблем, туку решението за Европа. Таа е извор на непроценливи богатства за нашето европско општество – додадоа епископите и истакнаа дека Црквата во Европа ги повикува владите да бидат свесни на тоа дека нема друга реалност која може да „произведе“ човечки капитал како што тоа го може семејството.

Епископите потоа изразија благодарност за сведоштвото на бројни христијански семејства кои ја живеат својата верност и во среде култура која често е индивидуалистичка и напоменаа дека на тие семејства им е потребен пасторал кој одговара, кој тргнува од вистинското човечко искуство. Во соопштението исто така се зборува и за „самиот европски парадокс“, лесно многу млади сакаат да основат семејство – толкуваат епископите – многу пак се одлучуваат за заеднички живот надвор од бракот или за други облици кои не влегуваат во трајна и стабилна врска. На тие млади епископите им порачаа дека обврската за верност е изворот на доброто и среќата.

РВ/Д.И

Категорија: Ватикан

За авторот