Светиот Отец повика на обновена ревност околу социјалната наука на Црквата

Светиот Отец повика на обновена ревност околу социјалната наука на Црквата

Папата Фрањо се обрата до учесниците на Мешународната конференција на фондацијата Centesimus Annus Pro Ponitifice. Светиот Отец повика на активно промовирање на доброто, што се покажува во спроведувањето на социјалната наука на Црквата.

Неизвесноста и нестабилноста во животите на многу поединци се поизразени заради економскиот систем кој и понатаму ги отфрла човечките животи во името на богот пари, поттикнувајќи ја алчноста и деструктивни ставови кон ресурсите на земјата и разните облици на неправда, кажа во своето обраќање Светиот Отец повторувајќи го апелот да не останеме рамнодушни. Нашиот одговор на неправдата и искористувањето мора да биде повеќе од само осуда, пред сѐ тоа мора да биде активно промовирање на доброто. Посветеноста на фондацијата на истражувањето на новите модели на економски и општествен развој вдахнати од социјалната наука на Црквата е важна и потребна, рече Папата. На тло загадено од доминацијата на финансиите мора да посееме многу мали семиња кои можат да вродат со плод во економијата која е праведна и корисна, хумана и насочена на човекот, рече Папата. Потребни ни се можности кои можат да станат реалност која дава надеж. Тоа значи дека мора да ја спроведуваме социјалната наука на Црквата.

Во фокусот на конференцијата се три збора – солидарност, соработка и одговорност. Тие ги претставуваат трите столба на социјалната наука на Црквата, објасни Папата. Науката гледа на човекот кој по природа е отворен за однос како врв на создавањето и центар на општествениот, економскиот и политичкиот поредок. Врз основа на тој поглед, со грижата за човечките битија и чувствителноста за конкретните историски процеси, Црковната наука придонесува за визијата на светот кој се спротивставува на индивидуалистичкиот светоглед, затоа што се заснова на меѓусебната соработка и е насочена на општото добро. (…)

Понатаму трите централни точки на конференцијата не потсетуваат на самото таинство на Бог Кој како Тројство, заедништво на личности нѐ вдахнува своето исполнување да го пронајдеме во великодушната отвореност кон другите (солидарност), во соработка со другите (соработка), преку посеветеноста на другите (одговорност), истакна Светиот Отец. Тој нѐ вдахнува ова да го правиме во секој аспект од нашиот живот во општеството, рече Папата.

Повеќе од било кога денес сме должни во секоја сфера на животот да ја сведочиме грижата за другите, да мислиме не само на себе и во слободата да се посветиме на развојот на поправедно општество во кое нема да надвладее себичноста и партиските интереси. Истовремено повикани сме да внимаваме да се почитува човечката личност и нејзината слобода и да се зачува нејзиното неповредливо достоинство. Тоа е посланието на спроведувањето на социјалната наука на Црквата.

Во промовирањето на овие вредности на начини на живот одиме против струјата. Но, потсетува Папата да се сетиме дека не сме сами, Бог ни е близок. Со Исус Кој ни стана брат, препознаваме во секој маж свој брат, во секоја жена своја сестра. Ова универзално заедништво нѐ вдахнува како заедница на верата подготвено да сорабоуваме со сите за општото добро, без отфрлање, исклучување или предрасуди. Како христијани подготвени сме да љубиме со љубов која ги надминува границите и ограничувањата, повикани сме да бидеме знак и сведоци за кои е можно да ги надминат себичноста, личниот и државниот интерес. Да се надмине моќта на парите која не ретко одлучува за туѓите судбини, идеолошките поделби кои поттикнуваат омраза, историски и културни бариери, а пред сѐ рамнодушност.

Ова може да изгледа нереална утопија, рече Папата. Но ние повеќе веруваме дека тоа е сон кој може да се оствари, затоа што тоа е сонот на Троединиот Бог. Со негова помош, тоа е сон кој може да стане реалност и во нашиот свет, рече Светиот Отец.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот