Молитвата прави чуда

Лицето кое моли од срце знае и да прости, а по тоа се препознава христијанинот – истакна Папата Фрањо во проповедта на светата Литугија во капелата на домот Света Марта во вторник 8 октомври.

Коментирајќи го делот од Евангелието по Лука во кое се зборува за света Марта, Папата рече дека молитвата прави чуда, под услов да не е плод на механички чин. Марта и пророк Јона, се два лика, кој ни ја претставуваат денешната служба на Словото и имаат заедничка карактеристика: не знаеле да молат – забележи Светиот Отец коментирајќи го евангелскиот пример во кој Марта го поттикна Исус да каже на нејзината сестра да и помогне во служењето. Исус одговара: „Марија го избра подобриот дел“, а тој дел е молитвата – истакна Папата.

Во очите на сестра и тоа било губење на време, а можеби Марија и изгледала „чудна“: Исус го гледала како зачудена девојка. А Господ и возвратил: Овој е најдобриот дел, бидејќи Марија го слушала Господ и со своето срце молела. Господ сакал да и каже: Во животот е најважна молитвата. Но не молитва со јазикот, „папагалски“ туку молитва на срцето: да го гледаш Господ, да Го слушаш, и од Него да бараш. Ние знаеме дека молитвата прави чуда – рече папата Фрањо.

Тоа ни го сведочи и градот Нинива, чие население се преобратило и со сите сили од Бога молеле за простување – рече Папата истакнувајќи дека Јона како Марта бил повеќе наклонет кон немилосрдната праведност, служење кое ја исклучува внатрешноста. Што правела Марта? Служела, а не молела. Има и други тврдоглавци како Јона, кои се крвници. Јона пророкувал, но во своето срце мислел: Нинивијците тоа го заслужија; го добија тоа што го бараа. Тој пророкувал, а не молел. Не го молел Бог да им прости, туку им најавувал уништување. Крвници се тие кои се сметат за праведници. На крајот – како вели Светото Писмо – се гледа дека Јона бил егоист, бидејќи кога Бог ја слушнал молитвата на народот, го спасил Нинивија, а тој се налутил на Бог: Секогаш си ист, секогаш простуваш – рече Светиот Отец.

Завршувајќи ја проповедта Папата рече дека молитвата без срце, песимизмот и немилосрдната праведност се искушенија од кои треба да се чуваме, ако сакаме да го избереме „подобриот дел“. Ако не молиме, на Господ му затвораме врата. А да не молиш значи да му оневозможиш на Бог било што да направи. Напротив, обраќајќи му се на Бог кога сме во проблеми, во тешка ситуација или во некоја несреќа значи отворање на вратата за да може да дојде. Тој обновува сѐ, знае да ги среди работите. Ова е молитвата: отворање врата на Бог за да може да ги „среди работите“. Но ако ја затвориме вратата, Бог не може ништо да направи. Да размислуваме за Марија која го одбра „подобриот дел“ и која ни покажа како се отвора врата на Бог – заврши Светиот Отец.

Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот