Папата: Потребен е дијалог помеѓу училиштата и родителите

Папата: Потребен е дијалог помеѓу училиштата и родителите

Папата Фрањо во салата Павле VI се сретна со членовите на Италијанското здружение на родители по повод 50 годишнината од нивното основање. Притоа им се заблагодари за нивното ангажирање во корист на семејствата и воспитувњето на децата во согласност со начелата на христијанската етика.

Семејството како протагонист на општествениот живот; и на воспитувањето на новите генерации кое треба да се остварува со надополнување на поддршката од училиштето и наставникот – се темите за кои папата Фрањо зборуваше обраќајќи се на членовите на Италијанското здружение на родители кои на 7 септември 2018 година ги прими во Ватикан.

Светиот Отец изрази благодарност и охрабрување до сите кои во рамки на тоа здружение веќе 50 години даваат поддршка на родителите во нивната воспитна задача, во согласност со начелата на христијанската етика. Нека вниманието со кое како здружение бдеете над опасностите кои му се закануваат на животите на најмалите да не ви пречи светот да го гледате со доверба, знаејќи да ги изберете и да им ги покажете на своите деца најдобрите можности за човечки, граѓански и христијански раст – истакна Папата.

Нов воспитен сојуз помеѓу родителите и училиштата

Училиштето отсекогаш било главниот соработник на семејствата во воспитувањето на децата; па и денес и покрај недостатокот на доверба помеѓу двете институции – рече папата Фрањо и објасни: Изгледа дека семејстото повеќе не ја цени како некогаш работата на наставниците, често слабо платени – додаде – а наставниците пак присуството на родителите во училиштата го чувствуваат како непријатно вплеткување. Раскажувајќи еден настан од сопствено искуство, Светиот Отец изрази надеж за промена на насоката, со великодушна соработка на сите вклучени во воспитниот процес.

Заради тоа ве повикувам секогаш да ја негувате и поддржувате довербата кон училиштата и кон наставниците. Без нив би можеле да останете сами во своето воспитно делување, и ќе биде сѐ помалку способни за соочување со новите воспитни предизвици кои ги наметнува современата култура, општеството, мас медиумите и новите технологии – предупреди Папата.

За воспитување на дететото потребно е цело село

Од една страна е оправдано да се жалиш на невозможните ограничености во работата на наставниците, но од друга пак должност е да се почитуваат како најдрагоцени сојузници во воспитното делување – рече Папата и ги поттикна присутните да остваруваат конструктивен дијалог, да поттикнуваат взаемно помагање, како што една мудра африканска изрека вели: „За воспитување на дететото потребно е цело село.“ Без честа комуникација и без взаемна доверба не може да се изгради заедница, а без заедница не може да се воспитува – истакна Папата.

Општество според мерка на семејството

Меѓуостанатото Светиот Отец загарантира помош и поддршка од Црквата на тој чувствителен пат, посебно за да се отстрани осаменоста на семејствата во воспитувањето на децата, и за целото општеството да биде место според мерка на семејствата каде секој човек ќе биде прифатен, придружуван и насочен кон вистинските вредности во заедничкиот раст да биде способен да го даде најдоброто од себе.

Драги родители децата се најскапоцениот дар кој сте го примиле. Знајте да го чувате одговорно и великодушно, давајќи им ја потребната слобода за да растат и созреваат како луѓе кои исто така еден ден ќе бидат способни да се отворат за дарот на животот – ги поттикна папата Фрањо и на крајот им препорча да ги поучат своите деца на морално, етичко расудување за да знаат да разликуваат што е добро,а што лошо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот