Папата ги благослови статуите на Детето Исус

Папата ги благослови статуите на Детето Исус

По молитвата Ангел Господов, Папата се обрати до сите деца на светот, посебно до оние кои ги живеат „страшните и темни денови на војната“. Папата Фрањо потсети дека денеска е Меѓународниот ден на планините, чија тема оваа година е посветена на жените

Традиционалниот благослов на Папата на статуите на Детето Исус, кои децата ги донесоа на плоштадот Свети Петар, кои потоа ќе ги постават во нивните домови во божиќните пештери, беше повод за уште еден апел на папата Фрањо за мир во Украина:

И сега ги благословувам „Децата“, односно малите статуи на Детето Исус, кои вие, драги деца и млади, ги донесовте овде, а кога ќе си одите дома, ќе ги ставите во божиќните пештери. Ве повикувам да се молите пред јаслите за да може Рождеството Христово да донесе зрак на мир на децата ширум светот, посебно на оние кои се принудени да ги живеат ужасните и темни денови на војната, како војната во Украина што уништува толку многу животи, толку многу животи и многу деца.

Меѓународен ден на планините

Папата Фрањо потоа потсети дека денес е Меѓународен ден на планините, кој „не повикува да ја препознаеме важноста на овој прекрасен ресурс за животот на планетата и човештвото“:

Овогодинешната тема „Жените поместуваат планини“ – е вистина, нели? Жените поместуваат планини! – не потсетува на улогата на жената во заштитата на животната средина и зачувувањето на традициите на планинското население. Од планинските народи го учиме чувството за заедништво и да одиме заедно по патот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот