ГОСПОДИ ВОСКРЕСНИ!

Воскресна за мене, за нас, за секој човек. Го победи гревот, омразата, злото и темината на светот за да можеме и ние да воскреснеме.

Помогни ни да воскресне нашата вера, нашата надеж и нашата љубов! Воскресни во нас нова сила за да те следиме и да сведочиме за твојата пасхална тајна, за тајната на твојата смрт и воскресение.

Исусе, не дозволувај нашите болни искуства и губиток, несреќа истрав да го затемне погледот на твоето светло. Не дозволувај да потонеме во безнадежност и да нѐ зафатат негативни чувства, кои ти ги победи со своето воскресние.

Воскресни Господи во срцата на оние кои повеќе не веруваат во силата на пријателството и добрината. Воскресни во сите кои дозволиле срцата да им бидат нагризани од омраза, желба за освета и бараат сигурност стекната со насилство.

Исусе воскресни во децата кои се раѓаат, воскресни во луѓето кои бараат сила за живот, за себедарување. Воскресни во сите кои се ранети во телото, во душата… Тебе почетникот на животот, гробот не можеше да те задржи во своите прегратки.

Дојди Господи, Исусе! Имаме потреба од тебе. Твоето воскресение е новост и надеж за светот. Твоето воскресение е единствена стабилна точка во вселената, која движи сѐ, од која доаѓа сѐ и која сѐ привлекува кон себе. Твоето воскресение е реалност без крај. Славејќи го твоето воскресение, Исусе, денес и секоја недела, не славиме некој минат настан, туку тебе Воскреснатиот. Го славиме твоето излегување од времето во ново постоење, ја славиме својата иднина.

кта/превод:го*ко

За авторот