Верување во сонови!?

Човечката подсвест сеуште е недоволно истражена, а многу луѓе се оптеретуваат со своите сонови. Некои од нив и се остваруваат. Треба ли еден христијанин да верува во соновите? Што вели Светото Писмо за тоа?

Во ,,Речникот за библиска теологија“ ќе најдеме: Сонот е нешто потребнои таинствено во човечкиот живот и има две страни: тој е спокој кој го препородува човекоти е нурнат во темнината на ноќта. Извор е на животот и слика на смртта, затоа и се одликува со разни преносни значења. Во тој воведен дел уште на почетокот може да видиме дека тоа е нешто таинствено и недоволно истражено, како што се вели и во прашањето.Светото Писмо ни говори за тоа како знак на надежта и препуштањето. Праведникот се надева на Божјата заштита … но Бог, чувар Израелов, не дреме и не спие (Пс 121,4). Во Книгата Битие ќе најдеме за времето на Божјото доаѓање: За Адам кој паѓа во тврд сон и да не биде сам, Бог му дава придружничка. Бог доаѓа во соновите на Јаков и му ја објавува својата таинствена присутност, а на двајцата Јосифовци своите таинствени намери.

Тоа што често ги збунува христијаните, па и другите кои понекогаш се отвораат кон некои окултни појави е порадишто ноќта во библиското размислување е Божја ќерка, но и време кога делуваат лошите сили. Сонот може да го открие срцето на виновникот. Така се настанати разни теориии и пракси, почнувајки од Фројд, па до денес. Гледаме што му се случи на Самсон во сонот, но неговото будење од злото и гревот се знак на победата над сонот– смртта(злото). Тоа може да го видиме и во Новиот Завет кога Исус ја буди ќерката на Јаир, Лазар и апостолите од сонот(смртта) давајќи им надеж и воскресение.

Тоа би требало да биде одговор на секој христијанин, да се препушта на Божјата доверба и на неговото влијание, а никако на окултните појави, магиите и читањето на соновите на било кој начин. Мислам дека денес човекот повеќе се занимава со сензациите кои ги опкружуваат ваквите појави на разјаснување на соновите и подсвеста, отколку со довербата во Божјото влијание и надежта во онаа што треба да се случи за наше спасение. Ние како христијани би требало повеќе да се занимаваме со вечните вистини кои ги наоѓаме во нашата вера, а помалку со површинските и сензационалистичките однесувања кои ги нуди денешницата. Многу убаво ни е кажано во Евангелието од Марко (сп. 13,36): Бидете будни, да не дојде ненадејно и да ве затече да спиете.

Битно нет/Ж.П.

За авторот