Гледајќи го Распетието ја запознаваме Божјата љубов
Ако сакаме да ја запознаеме „историјата на љубовта“ која Бог ја има кон нас, тогаш треба да погледнеме во Распетието, крстот на Бог Кој се „лиши од божественоста“ и „се извалка со гревот“ за да ги спаси луѓето – рече Папата во проповедта на Литургијата на 15 март во капелата на домот Света Марта.
Историјата на спасението која ја проповеда Библијата спомнува и едно животно кое во Книгата Битие се спомнува на прво место, а во Откровението на последно, а тоа е змијата. Тоа животно во Светото Писмо е симбол на проклетство, а на таинствен начин и на откупување – рече Папата.
Таинството на змијата
Објаснувајќи го тоа таинство, Папата се осврна на првото читање од Книгата Броеви и на делот од Евангелието по Иван. Во првото читање се зборува за изралескиот народ кој уморен од лутање по пустината и гладен го проколнува Бог и Мојсеј. Змиите во читањето се двапати протагонисти. Од небото се испратени против неверниот народ сеат страв и смрт сè додека народот не го замолил Мојсеј да побара простување. Тогаш тој посебен влекач втор пат стапува на сцена:
Бог му вели на Мојсеј: Направи бакарна змија и закачи ја на знамето. Кој ќе биде каснат ќе остане во живот ако ја погледне. Ова е таинството: Бог не ги брише змиите ги остава во живот. Но, ако некоја касне човек ќе оздрави човекот ако погледне во бакарната змија подигната на знаме.
Спасението е во вистината
Глаголот „издигнете“ е во центарот на острата расправа помеѓу Исус и фарисеите опишана во Евангелието. Одеднаш Исус вели: Кога ќе го издигнете Синот Човечки тогаш ќе узнаете дека сум Јас. „Јас Сум“ пред сè е Божјото име кое Бог го соопштил на Мојсеј да го објави на Израелците. А потоа следи изразот: ќе го издигнете Синот Човечки…“
Змијата е симбол на гревот кој убива. Но змијата и спасува. Тоа пак е Христовото таинство. Павле зборувајќи за тоа таинство вели дека Исус се лишил од своето божество, се понизи, се уништи за да нè спаси. Уште повеќе: Се направи грев. Користејќи го тој симбол се направи змија. Тоа е пророчката порака на денешните читања. Синот Човечки кој како змијата „станува грев“ издигнат е за да нè спаси – рече Папата.
Божјото уништување
Тоа е историјата на откупувањето, историјата на Божјата љубов. Ако сакаме да ја запознаеме Божјата љубов да го погледнеме Распетието: „човек изобличен“, Бог лишен од божеството“, „извалкан од гревот.“ Уништувајќи се Бог засекогаш го уништува вистинското име на злото кое Откровението го нарекува „стара змија“ – истакна Папата додавајќи:
Гревот е дело на сатаната, а Исус победува „станувајќи грев“ од каде што сите нас нѐ издигнува. Распетието не е украс, не е уметничко дело со бројни скапоцени камења како што може да се види: Распетието е таинство на Божјото уништување од љубов. Создателот тоа не го направил со магично стапче, туку преку трпењето на Синот Човечки, преку трпењето на Исус Христос – заклучи Светиот Отец.
РВ/к.мк