Вреди да се бориш за семејството!
Често се сеќавам на мојот дедо. Тој беше човек од малку зборови, а многу дела. Многу можев да научам од неговиот живот и од секој негов ден кој го беше проживеал. Најмногу во сеќавање ми останаа неговите зборови. Тие беа кажани како шепот, наизглед толку кревки, што и малку појак ветер би ги однел во заборав.
Но, мојот дедо секогашзборуваше мудро. Длабоките брчки на лицето и испуканите раце беа неми сведоци на тоа дека многу виделе и слушанале за да бидат неговите зборови празни. Секогаш се будеше во раните мугри и одеше да подготви доручек и да се погрии за животните. Брат ми и јас ќе му се придружевме околу 10 часот, но тогаш веќе целата работа околу животните беше завршена. Седејќи во ладовината, секогаш дрзеше молитвеник и мрмкаше нешто во себе. Се разбира дека се молеше, но нам тоа секогаш ни изгледаше многу смешно.Дедо често знаеше да не праша како ни оди во училиштето и што сакаме да бидеме кога ќе пораснеме. Искрено, мислам дека тоа никогаш и не го интересираше толку многу, не затоа што не се грижеше за нас, туку за мудростите за кои често ни зборуваше. ,,Бидете секогашчесништо и да работите во животот. И да станете адвокати,кошаркари, трговци, економисти- бидете чесни. Тоа е патот кој ве води во рајот!! И не заборавајте на Господ и на светот семејество. Тоа е единствената работа за која вреди да се бориш.
Каде исцезна семејството?
Тие зборови денес ми одекнуваат многу појако отколку некогаш. Семејството и борбата за семејство. Нормално дека тогаш не ми беше јасно. Но денес сме неми сведоци на желбата за уништување на семејството. Семејството, како темел, како сила за секој од нас, денес е на работ на егзистенцијата. Семејството кое до вчера беше сигурност, денес е сѐ, само тоа не е!! Очигледно е дека Сатаната знаеше каде треба прво да се нападне. Ако се срушат мајката и таткото, ако се удри по децата, што останува? Само болка и празнина, колку и да не сакаме да признаеме. Истовремено, ми се наметнува едно прашање: Зошто секој ден сѐ поголема и појака тага, болка, страдање и солзи? Зарем не изгубивме нешто што ни пренесоа насите нас нашите дедовци? Каде е тоа и како го изгубивме? Каде згрешивме? Прва, но и единствена причина – се одвоивме од Него. Само Тој е наша заштита, само Тој нѐ чува и нѐ прати будно. Ако го немаме Господ, што имаме? И затоа е многу важно младите семејства да не се одделат од Него. Всушност тој и ги спои тие семејства. Тој рече: ,,Нека биде! ,,И единствено така ќе биде добро, само во Неговата присутност. Само таква заедница во која детето расте со таткова и мајчинска љубов може да биде вистински и прв сведок на Христовата љубов.
Супермен пратен од Господ!
Зошто денес се трудат да ја тргнат улогата на мајката и таткото во семејството, бракот ? Кој може да ја замени нивната љубов и жртва кон нас? Мајчинската жзртва и татковската сигурност ? (…)
Мојот помал брат и мене, нѐ порасна мајка ни. Колку сум постара толку повеќе разбирам колкава љубов таа ни даде односно колкава жртва за нас поднесуваше. Сѐ правеше за нас двајцата, не бранеше, чувасе, хранеше, пазеше. Всушнот знам еден ,,Супермен’директно од Господ пратен’!“ Навистина, не постои таква вага која би ја измерила мајчинската љубов и жртва кон децата!
Е сега, некаде прочитав дека еден татко вреди колку и 100 учители.Тоа е исто така вистина. Иако мојот татко почина млад, сепак неговите дела и детали тешко се забораваат. Таткото е жив пример на мудроста, силата и сигурноста во животот. Тие не учат да бидеме јаки и мудри. Не учат дека само со својата пот и со својот труд можеме далеку да стигнеме. Таков беше мојот татко и мојот дедо, се надевам дека и вие ја имавте истата слика на татко.
Жртвата и љубовта на мајка ви, мудроста и сигурноста на татко ви, заедно со Неговото водство, ѐе ве доведат до патот на среќата. Едно такво семејство е вистински сведок на верата и љубовта. Ако не е така, тогаш среќата ни е нарушена и за жал тоа денес можеме да го видеме кај многу семејства. Се отуѓивме од Него, прифативме некои други работи, но Бог не ни го врти грбот. Единствено треба што побрзо да се вратиме во неговата прегратка. Таа прегратка одсекогаш нѐ чуваше од сите напади на злото.
Изумира ли Македонија?
Пред некое време бев во едно селце, каде случајно наслушнав еден стар дедо како вели дека ,,Македонија умира“,. Тие зборови длабоко се втиснаа во моите мисли и веќе подолго време размислувам на таа тема. Дали навистина Македонија умира? Што всушност умира?
Да, Македонци има сѐ помалку тоа е факт, но набргу сфатив дека не се работи само за бројот на луѓе и за децата кои сѐ помалку се раѓаат. Дедото мислеше на духовниот свет, на умирањето на човековите души. Стариот дедо ја погоди сржта на проблемот. Човек без душ е ништо, само тело.Тоа е човек кој не чуствува, кој не сака и не љуби. И навистина, ако погледнеме подобро, многу зомбиевци има околу нас.Многумина сме кои заборавивме на верата која ни е оставена од нашите баби и дедовци, а заборавивме и на темелните вредности кои ни ги оставија -Господ,нашата вера и семејството !
Светот без тие работи полека се руши. Сепак јас не се плашам. Знам дека го имаме најакото орушје на овој свет; оружје кое никој не може да повреди,а само може да помогне; оружје без никакви тајни и хемиски споеви, оружје кое може секој човек да го користи.
Бројаницата е таа сила што ја имаме. Со неа во рацете и молитва во срцето можеме да го победиме овој свет. Таа е нашата победа, нашиот пат со Господа. Секое нејзино зрно е како пченица која паѓа на земла и носи плод.
Сега ни остана само една мисија за крај. Да ја земемеБројаницата во раце и да се молиме за изгубените души да се вратат на вистинскиот пат,а семејството да се стави под сигурна заштита. Единствено така ќе ја почуствуваме вистинската радост во животот !!
Пасторал на млади/Марко Баришиќ
Превод и адаптација: Ж.П.