Во Мадрид свечено прославен празникот на Светото Семејство
На празникот Свeто Семејство, 29 декември на плоштадот Колон во Мадрид, на Евхаристиското славење прослава беа собрани семејства од многу европски земји. Веќе седма година, бројни семејства од шпанските бискупии, но и од разни европски земји: Португалија, Франција, Италија, Австрија, Германија, Полска и Унгарија, сведочат за важноста на христијанското семејство и особено нејзината важност за целиот континент, со што на безнадежната Европа би и дале надеж и животна радост, надеж која исчезнува, создавајќи нерешливи општествени, демографски, економски и политички проблеми. Величенствена беше прославата на семејствата со бројни деца, детски колички, дедовци и баби, кои внимателно ги слушаа сведочењата на брачните парови, припадници на разни црковни движења (Неокатекуменски пат, Комунионе е либерационе, Опус Деи и други) кои ја сведочеа радоста на живеењето на христијанската вера. Стотина неокатекуменски семејства со деца, со оглед на тоа дека наскоро заминуваат во мисии, славењето го направија посебно, а папата Фрањо ќе ги прими во аудиенција на 1 февруари 2014 година.
Кико Аурелио – основач на Неокатекуменскиот пат со Кармен Хернандез – заедно со кардиналот Антонио Марија Роуко, мадридски надбискуп, претставници на бискупиите и другите црковни движења, го анимираа овој величенствен собир на семејствата. Во говорот пред евхаристиското славење прослава, истакна дека претставените мисионерски семејства на Неокатекуменскиот пат, не се вонземјани, некој посебен народ, туку нормални браќа и сестри који на патот на христијанската иницијација ја откриле убавината на својата вера, своето крштевање; ја искусиле љубовта Божја, а од благодарност кон Бога, милоста и примената надеж повеќе не сакаат да ја задржат за себе. Поаѓајќи од зборови на апостол Павле до Коринтјаните (5,15) дека Христос умре за сите и оние кои живеат, не живеат повеќе за себе, туку за Оној кој за нив умре и воскресна. Кико нагласи дека ’гревот кој се наоѓа во нас‘ нѐ присилува да живееме само за себе, сè да си овозможуваме и со тоа да стануваме егоисти, наислни, сладострасни и лажливи, додека во нашата ДНК е запишано дека вистинскиот живот се наоѓа во љубовта кон другиот – себедарувањето. Свети Павле вели дека сме поделени: сакаме да правиме добро, но правиме зло, а тоа е токму заради гревот кој војува во нас (сп. Рим 7,14). Исус Христос дојде да нè ослободи од тоа ропство, а во крштевањето ни ја понуди својата победа – но не на некој магичен начин – туку со постепената христијанска иницијација, која на гревот му ја одзема моќта и силата, а човекот го отвора кон себедарувањето; и тој од својот живот повторно станува дар за другите, за што Бог го создал.
Христовиот крст го победил и го победува светот – истакна Кико додавајќи: Крстот е единствена спасоносна вистина. А од тоа целосно ослободување, од обновениот живот, се раѓа евангелизацијата; повик таа радосна вест да се пренесува на другите луѓе, каде и да се наоѓаат, без ниедна друга сигурност и утеха освен радосно да се врши Божјата волја. Водејќи ги со себе, во оваа Божја авантура, сопствените деца, уверени дека не ги лишуваме од ништо, туку дека им даруваме вистинска смисла на животот, затоа што го даруваме на другите. Оваа надеж на Европа и е многу потребна: таа не треба да се плаши од отворање кон животот, дарувањето на животот, раѓањето на деца, истакна бискупот Хуан Антонио Реиг, одговорен за семејството и заштита на животот во Шпанската бискупска конференција. Точно на пладне, поврзувајќи се со плоштадот Свети Петар, сите присутни внимателно ги слушаа зборовите на Папата и заедно со него молеа Ангел Господов. Веднаш потоа кардиналот Роуко Варела со другите кардинали и со околу четириесетина бискупи, ја предводеше Евхаристијата. Во својата проповед кардиналот истакна дека пред тешката криза која денес Европа ја проживува – христијанското семејство е востановено уште еднаш да ја покаже својата незаменлива вредност за солидарност и општетствен мир и да се потврди како вистинска лична и општествена формула, за добро и целосно остварување на човечката личност.
По проповедта, стотина семејства кои заминуваат во мисии на сите пет континенти, дојдоа пред кардиналот кој им упати молитва за послание која ја подготвил блажениот папа Иван Павле II. На крајот на евхаристиската служба, кардиналот Роуко во говорот за Радио Ватикан сакаше да истакне две нешта: Во оваа седма година, прославата на Светото Семејство, овде на плоштадот Колон се претвора во пасторална формула за семејство, многу жива и заразна за Европа. Треба со тоа да продолжиме и понатаму. Навистина, пред предизвиците пред кои се наоѓа семејството во Европа – било во односот кон верата и кон нејзиниот најчовечки изглед – нѐ чека долг пат на евангелизација. Оваа година навистина сум импресиониран, особено од испраќањето на стотина семејства во мисии. Она што уште ме радува, тоа е фактот дека ова пушти длабоки корени овде во Мадрид, па и во цела Шпанија – заклучи кардиналот Роуко Варела.
РВ/Е.А.