Во Евангелието е клучот за соочување со актуелните проблеми

На свршетокот на првиот ден од апостолската посета на Папата на Еквадор, патер Федерико Ломбарди, директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол и на Радио Ватикан, во разговор со новинарот на Радио Ватикан се осврна на летот на Папата кон Еквадор и на срдечниот пречек организиран од еквадорскиот народ.

Летот се одвиваше според вообичаената програма на Светиот Отец. Папата во авионот лично го поздрави секој новинар. Немаше класична прес-конференција, ниту одговарање на прашања на новинарите – рече директорот на Канцеларијата за печат, додавајќи дека така се остварило заедништво помеѓу Папата и новинарите.

Осврнувајќи се на првиот говор на Папата, патер Ломбарди истакна дека Папата е свесен за историскиот момент и важноста на Еквадор, Боливија и Парагвај да им се помогне во изборот на патот за вистински развој на човекот и на општото добро. Папата рече дека во Евангелието е клучот за соочување со актуелните проблеми. Тој сигурно мисли на социјалната правда, на вклучувањето во јавниот живот на сите граѓани на Еквадор. Пораката на Папата може да помогне при изборот на развојниот пат. Освен тоа, Светиот Отец ги пофали еквадорските граѓани кои „растат во достоинството.“

Ги спомна и вложените државни напори и видливите резултати. Секако, треба да се продолжи тоа одење усовршувајќи го за развојот да биде целосен, достоен за луѓето и сите да можат да уживаат во неговите благодати – истакна патер Ломбарди.

На прашање што најмногу му оставило впечаток при доаѓањето во Еквадор, истакна дека посебен впечаток му оставила топлината на еквадорскиот народ кој Папата го смета за свој, многу близок, спонтан, едноставен и непосреден. Прекрасната глетка долж улиците во Кито е најава на она што ќе се случува во следните денови; голема хармонија меѓу Папата и народот што се чувствува на лицата и во однесувањето на луѓето во нивните насмевки и солзите радосници – рече патер Ломбарди, завршувајќи:

Уверен сум дека Папата кој „народот“ го сфаќа како заедница овде со гаранција ќе помине многу пријатни денови во заедништво со пастирите и народ кои ги слуша и разбира – заврши патер Ломбарди.

РВ/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот