Во Ватикан поставена статуа Исус како бездомник
Статуа на Исус во природна големина, во ликот на бездомник испружен на клупа, обвиткан со тенок покривач, под кој се гледа само стапалта со знаците на клинците од распнувањето на крстот, е поставена во дворот „Свети Егидиј“ во Ватикан, на влезот од Апостолската добротворница.
Во сиромашните и последните треба да го видеме лицето и присутноста на Исус Христос
Скулптурата ја направи канадскиот скулптор Тимоти П. Шмалц. Уметникот дошол на идеја на таков оригинален начин го претстави Христос откако, во текот на божиќните празници, видел еден бездомник како спие на отворено, на клупа. Кога гледаме маргинализирани луѓе – напиша скулпторот – треба да го видиме Исус Христос.
Близината на папа Фрањо со маргинализираните
Во ноември 2013 година, на една Генерална аудиенција на плоштадот Свети Петар, авторот му покажал на папата Фрањо копија, во мал формат, Исус бездомник. Кога Светиот Отец ја виде скулптурата – раскажува Шмалц за американските медиуми – ги допре Исусовите колена и стапала и молеше. Папата Фрањо, всушност го прави тоа, се приближува на маргинализираните – додаде уметникот.
Копии од таа скулптура се поставени низ целиот свет
На иницијатива на самиот уметник, статуата, подарена е на Апостолското добродетелство, а првиот нејзин примерок е поставен во 2013 година во Торонто, при исусовскиот Теолошки факултет. Повеќе други примероци се веќе поставени на повеќе места во светот, во Австралија, Куба, Индија, Ирска, Шпанија и САД; а во тек се разговри за нивни поставувања во Аргентина, Чиле, Бразил, Мексико, Јужна Африка и Полска.
Дар на канадски покровител
Скулптурата поставена во Ватикан е дар на еден канадски покровител, кој беше првиот Шмалцов поддржувач , кога имал само 20 години. Уште едно дело на тој автор, кое го претставува Исус просјак, поставен е на главниот влез на римската болница Свети Дух.
РВ/Б.Р.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк