Витлеемската пештера и божиќното дрво се знаци на Божјата близина

Витлеемската пештера и божиќното дрво се знаци на Божјата близина

Витлеемската пештера и божиќното дрво секоја години ни зборуваат на свој симболичен јазик; тие се знак на сочувството на небесниот Отец – рече папата Фрањо примајќи ги во аудиенцијата на 7 декември, дарователите на јаслите и божиќното дрво поставени на плоштадот Свети Петар.

Витлеемската пештера и божиќното дрво секоја години ни зборуваат на свој симболичен јазик; тие се знак на сочувството на небесниот Отец, и неговото учествување и близината до човечкиот род – рече папата Фрањо примајќи ги во аудиенцијата на 7 декември, на денот на инаугурацијата, дарователите на јаслите и божиќното дрво поставени на плоштадот Свети Петар. Витлеемската пештера е изработена во стилот на стара традиција на Неапол од XVIII век, а доаѓа од италијанската покраина Кампанија, додека црвената елка, висока 28 метри, пристигна од Полска. Заблагодарувајќи им се Папата во говорот ги толкуваше двата симболи кои овозможуваат – како што рече – поголема видливост на искуството на Исусовото раѓање.

Дрвото кое се воздигнува во висината нè поттикнува да копнееме за највозвишените дарови (1Кор 12,31), да се воздигнеме над маглата која замаглува, за да искусиме колку е убаво и радосно да бидеме потопени во Христовата светлина. Во едноставноста на витлеемската пештера наоѓаме и размислување за Божјата нежност, покажана во нежноста на Детето Исус – рече Папата.

Витлеемската пештера ова година вдахната од милосрдните дела, е сугестивно место на кое го гледаме Исус, Кој преземајќи ја на Себе човечката беда нè повикува и ние тоа да го правиме преку милосрдните дела. Дрвото пак – истакна Папата – ова година е знак на верата на полскиот народ кој со тој дар сакаше да ја изрази својата верност на Петровиот престол.

Меѓу присутните на аудиенцијата, одржана во салaта Павле VI, беа и децата кои ги направија украсите, „топки на желбите“, за божиќното дрво. Топките од керамика ги направија малите пациенти на онколошките одделенија од италијанските болници, заедно со децата од подрачјата погодени од земјотресот.

На нив Папата посебно им се заблагодари – како што рече – со своите изработки ги пренесовте своите соништа и желби за да ги воздигнете на небото и да му ги покажете на Исус кој стана дете како вас, за да ви каже дека вас ве сака. Ви благодарам за вашето сведоштво, за разубувањто со овие божиќни знаци на кои ќе можат да им се восхитуваат ходочасниците и посетителите од целиот свет – рече папата Фрањо.

Пред завршниот поздрав и благословот, Светиот Отец посака Господовото раѓање да биде можност сите да бидат повнимателни на потребите на сиромашните и оние кои како Исус, не пронаоѓаат никој кој ќе ги прими. На вас овде присутните, на вашите семејства и на ние кои ги претставувате, од срце ви посакувам среќен Божиќ. Ја гарантирам својата молитва Господ да ги послуша и услиши вашите очекувања. И вие молете се за мене и за моето служење на Црквата – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот