Папата Лав XIV ќе го посети седиштето на Светската програма за храна во Рим

Папата Лав XIV ќе го посети седиштето на Светската програма за храна во Рим

На 22 јуни папата Лав XIV ќе го посети седиштето на Светската програма за храна во Рим, каде што ќе се сретне со учесниците на годишната седница на Управниот одбор.

Следниот понеделник, 22 јуни, папата Лав XIV ќе го посети седиштето на Светската програма за храна во Рим.

Ова го соопшти Префектурата на Папскиот дом, објаснувајќи дека Папата ја прифатил поканата на извршниот директор на организацијата. Светиот Отец ќе отпатува во седиштето на Светската програма за храна, кое се наоѓа на улицата „Чезаре Џулио Виола“ 68, во областа Парко де Медичи, каде што ќе се сретне со учесниците на годишната седница на Управниот одбор.

На средбата ќе присуствуваат и вработените во организацијата, како и нивните семејства.

Една од најголемите хуманитарни организации во светот

Светската програма за храна (WFP) е една од најголемите хуманитарни организации во светот. Таа е агенција на Обединетите нации задолжена за обезбедување помош во храна и за борба против гладот.

Основана е во 1961 година, со седиште во Рим, а во 2020 година ја доби Нобеловата награда за мир.

На 16 октомври 2025 година папата Лав XIV го посети седиштето на ФАО во Рим, по повод Светскиот ден на храната и 80-годишнината од основањето на Организацијата.

Во својот говор тогаш, Папата го нарече гладот „колективен неуспех“, а употребата на гладот како оружје во војна ја осуди како „злосторство“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот