Великиот пост нѐ потсетува дека Бог сите нѐ љуби
Во Исусово време постоеше група народни водачи, која се оддалечи од народот. Неспособни за сѐ, знаеле само да служат на својата идеологија и да тонат во корупција, рече папата Фрањо на хомилијата за време на светата Литугија во базиликата Свети Петар, во четврток 27 март, на која присуствуваа 493 пратеници од италијанскиот парламент, вклучувајќи и девет министри од сегашната влада, како и претседателите на парламентот и сенатот.
Партиските интереси, внатрешните судири: во тоа ги вложувале силите водечките класи во времето на Исус. Затоа не го проепознаваат Месијата, кога се појавуа пред нив и го нарекуваат исцелител со силата на сотоната. Во првото читање (Јеремија 7,23-28), пророкот Јеремија се жали на Бог за генерациите кои не ги прифаќаат неговите пратеници, туку се оправдуваат поради своите гревови.
„Тие свртеа кон Мене грб“, цитира папата Фрањо и ги објасни овие зборови: „Тоа е болката Господова“. Истата мисла се провлекува и низ денешното Евангелие, каде што се говори за народните водачи и нивното слепило за она што е Божјо (Лука 11,14-23).
„Срцата на овие луѓе, на оваа група луѓе со тек на време толку многу се стврдна што веќе им стана невозможно да го слушаат Божјиот глас. Од грешници станаа расипници. Расипан човек тешко ќе се преобрати. Напротив грешникот може, бидејќи Господ е милосрден и сите нѐ чека. Но расипаниот човек заглавува во своите работи; а овие навистина биле расипани. И затоа се оправдуваат, бидејќи им пречеше Исус со својата едноставност и со силата Божја.“
Тие луѓе продолжи Папата „го промашија патот, се спротивставија на Божјото спасение и се отргнаа од верата, преминаа од теологија на вера во теологија на должности.“
„Ја отфрлија Божјата љубов, кренаа на пат лишан од дијалектика на слобода која ја нуди Господ. Дојдоа на патот на неопходна логика, на која нема место за Господ. Во дијалектиката на слободата постои добар Господ, кој нѐ љуби и тоа силно! Но во логиката на должностите нема место за Бог: должни сме да правиме, мораме да правиме, мораме…“
Папата објаснува како нивната вера се сведе на појаснување: „станаа луѓе со добро однесување, но со лоши навики. Исус ги нарекува „варосани гробови“.
Великиот пост, заврши Папата, нѐ потсетува дека Бог сите нѐ љуби, затоа треба да направиме напори и да се отвориме за Него.“
На тој пат на Великиот пост на сите добро ќе ни дојде размислувањето за Божјиот повик на љубов, повик на дијалекти на слобода, во која постои љубов. Сите да се прашаме, дали и јас сум на тој пат: или пак сум во опасност да се оправдувам и да кренам по некој друг пат? Некој опуртунистички пат, кој не води до никакво ветување. И да го молиме Господ да ни даде милост секогаш да одиме по патот на спасението, да се отвориме за спасението кое доаѓа само од Бог, само од вера, а не од она што го учат „учителите на должностите“, кои ја изгубија верата, а народот го држеа во пасторална теологија на должности.“
РВ/го*ко