Ватикан го одобри документот „positio“ за основателката за првата афро-американска монашка заедница
Сестра Мери Елизабет Ланге ја основа првата афро-американска верска заедница во Балтимор. Таа се посветила на пасторална грижа на поробените луѓе во време кога тоа било забрането. Ватикан сега го прифати „positio“, односно синтезата на причината за нејзината беатификација.
Со оваа потврда од Ватикан, мајка Мери Елизабет Ланге (околу 1784-1882) е прогласена за чесна Божја слугинка. Ова го комплетира вториот од четирите чекори на патот до можното канонизирање. Следните чекори би можеле да бидат беатификација и канонизација. „ Рositio“ е документ за животот на мајка Мери Ланге, кој ги бележи теолошките и историските аспекти од нејзиниот живот.
Ланге беше првата во светот што основаше женска монашка заедница за црни жени. Во 1828 година ја отворила Академијата свети Фрањо во Балтимор за образование на црни деца за време на ропството.
Сестрата Рита Мишел Проктор, поглаварка на сестрите во Балтимор, потврди дека Ватикан ја информирал монашката заедница на 27 февруари дека документот „positio“ за Мајка Ланге е одобрен.
Ватикан њуз/к.мк