Епископот Стојанов учествува на Европската средба на епископите од источен обред

Епископот Стојанов учествува на Европската средба на епископите од источен обред

Во понеделник 18 септември 2023 година во Атина започна средбата на епископите од источен обред во Европа, на која учествува и Скопскиот бискуп и Струмичко  – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов.

Средбата започна со свечена света Литургија во црквата Света Троица во Атина, со голем број епископи, а ја предводеше архиепископот г. Емануел, титуларен епископ Каркависки и Апостолски егзарх на источните католици во Грција

На средбата ќе се зборува за актуелните предизвици со кои се соочува Црквата во Европа.

Средбата на епископите од источен обред во Европа ќе заврши во четврток 21 септември 2023 година.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот