Папата: Заповедите му помагаат на човекот да го отвори срцето за Бог

Папата: Заповедите му помагаат на човекот да го отвори срцето за Бог

Сите гревови се раѓаат од злите желби

Задачата на заповедите е да му се помогне на човекот да го отвои свеото срце за Бог – рече папата Фрањо на 21 ноември 2018 година на плоштадот Свети Петар за време на Генералната аудиенција во среда. Папата ја продолжи серијата катехези за Божјите заповеди, зборувајќи за последните две: Не пожелувај го брачниот другар на својот ближен и Не пожелувај никакви туѓи работи. Тоа не се само последни заповеди, туку многу повеќе – рече Папата и истакна: Тие се исполнение на патувањето низ Божјите заповеди, допирајќи ја суштината на сѐ она што ни е предадено преку нив. Имено, не се додаваат нови содржини, затоа што тие заповеди, веќе малку се присутни и во заповедите за прељуба и кражба.

Да имаме на ум дека овие заповеи имаат задача да ја означат границата над која човекот започнува да се уништува самиот себе и ближниот, расипувајќи го својот однос со Бог – рече Светиот Отец и напомена: Ако одите над заповедите, се уништувате себе и односот со Бог и со другите. Преку тие последни заповеди се нагласува фактот дека сите престапи се раѓаат од заеднички внатрешен корен, а тоа се злите желби. Сите гревови се раѓаат од зли желби. Тие го придвижуваат срцето, и кога некој ќе влезе во тој бран завршува со престап. Но не се работи за службен или законски престап, туку за престап со кој човекот се ранува самиот себе и другите.

Во Евангелието Господ јасно ни вели: „Зашто однатре, од срцето човечко, излегуваат лоши помисли, прељубодејства, блудства, убиства,. кражби, лакомства, лукавства, пакости, злоби, око лукаво, богохулство, гордост, безумство. Сето тоа зло однатре излегува и го осквернува човекот” (Марко 7,21-23) – цитираше папата Фрањо и продолжи: Затоа разбираме дека целото запазување низ Божјите заповеди не би имало никаква корист кога не би го допрело човечкото срце. Ако срцето не е слободно, другото не вреди. Предизивкот е да се ослободи срцето од сите зли и лоши работи. Заповедите Божји може да се сведат само на тоа да биде убава надворешносата, но луѓето и понатаму остануваат робови, а не деца Божји. Често зад фарисејската маска на праведност, која гуши, се сокрива нешто лошо и што не е решено.

Меѓутоа мораме да дозволиме тие заповеди да нѐ ослободат од тие маски, сакајќи да ни го покажат нашето сиромаштво и да нѐ водат кон света понизност – рече Папата и додаде: Секој од нас може да се праша какви лоши желби често ни доаѓаат? Завист, алчност, оговарање: сите тие работи доаѓаат одвнатре. Секој може да се праша и тоа ќе му помогне. На човекот му е потребно тоа благословено понижување, кое му помага да открие дека не може да се ослободи сам и поради што повикува кон Бог за да го спаси. Свети Павле тоа го објаснува ненадминливо, со зборовите „Не похотствувај!” (Римјаните 7,7-24).

Бесмислено е да мислиме дека можеме да се поправиме без дарот на Светиот Дух – рече Светиот Отец и предупреди: Бесмислено е да мислиме дека можеме своето срце да го очистиме само со голем напор на својата волја. Тоа не е можно. Потребно е да се отвориме за Бог во вистина и слобода; само така нашите напори може да донесат плод и само тогаш Светиот Дух е тој кој нѐ води напред.

Задачата на библискиот закон не е човекот да се залажува дека слепата послушност на словото на законот ќе го доведе до вештачко спасение и освен тоа, недостижно спасение – рече папата Фрањо и истакна: Задача на законот е да се доведе човекот до неговата вистина, односно до неговото сиромаштво кое станува вистинска отвореност, лична отвореност за Божјото милосрдие кое нѐ преобразува и обновува. Бог единствено е способен да го обнови нашето срце само кога му го отвораме. Тоа е единствениот услов. Тој прави сѐ, но мораме да му го отвориме срцето.

Последните Божји заповди ги воспитуваат сите луѓе да се препознаат како просјаци – рече Папата и нагласи: Ни помага да застанеме пред нередот на своето срце како би прекинале да живееме себично и да станеме сиромашни по дух, вистиснки пред Отецот, дозволувајќи да нѐ откупи Синот и да нѐ поучува Светиот Дух. Светиот Дух е учител кој нѐ води, да му дозволиме да ни помогне! Просјаци сме, да молиме за таа милост!

„Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небесно“ (Матеј 5,3) – го цитира Папата овој евангелски дел и рече: Да, блажени се оние кои престануваат да се залажуваат верувајќи дека може да се спасат од своите слабости без Божјото милосрдие, кој пак единствено може да излекува. Само Божјото милосрдие го лечи срцето. Блажени се оние кои ги признаваат сопствените зли желби, и со скрушено и понизно срце не стојат пред Бог и пред другие луѓе како праведници, туку како грешници. Апостол Петар му вели на Господ: „Оди си од мене, Господи, оти сум човек грешен!” Ова е убава молитва така прават оние кои имаат разбирање и милосрдие за другите, затоа што го почувствувале на себе – рече на крајот од својата катехеза Светиот Отец.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот