Брзата помош во Ватикан работи со полна пара
Кардинал Конрад Крајевски, „делител на милостиња на Неговата Светост“ кој бил во служба на Иван Павле II и на Бенедикт XVI, таа активност ја продолжи и во понтификатот на папата Фрањо, но во нов и динамичен дух кој одговара на учење на Фрањо за солидарна Црква.
Одлуката на папата Фрањо, монсињор Крајевски ја добил на 3 август, со слободна рака самостојно да донесува брзи решенија за да и помогне на луѓето во неволји, раскажа на средбата со новинарите.
Неговото ангажирање за да помогне е различно – од бегалци на Лампедуса до престојувалишта за бездомници на римската железничка станица Термини.
Канцеларијата за делење милостиња обавува стотина интервенции неделно. Единаесет вработени работат во малата зграда наречена “l’Elemosineria”, која работи под надлежност на Папата и е одвоена од другите каритативни установи (Cor Unum, Caritas и други).
Кардинал Крајевски, кој Италјаниците го нарекуваат „дон Корадо“ бидејќи неговото име им е тешко за да го запамтат, пред новинарите рече, дека неговата служба секое утро прима писма во голем плик.
„Стигнуваат директно од Светиот Отец. Тој вели, дека на пример: ќе им се јавам и и веќе знаеш што треба да се направи“, вели дон Корадо, кој кога сака да го види Папата, оди во домот Света Марта и накратко се сретнува со него.
Научил работите да ги решева брзо и знае што треба да направи, да плати, на пример, неплатена кирија за загрозено семејство, при што претходно прашува кај надлежниот парох. Еден ден испратил 200 евра за лекови на стара госпоѓа во Венеција на кој и го украле паричникот. На Лампедуса поделил 1700 телефонски картички на бегалци спасени во бродоломот за да можат да се јават на роднините во татковината.
И војниците од Швајцарската гарда од сега, после работа, учествуваат во делењето помош на оние на кои им е потребна.
Но често помошта не е од материјална, туку од духовна природа. Со својот мал бел Фиат „дон Корадо“ оди да даде помош од прва рака. На почетокот на ноември патувал до несреќното италјанско семејство кое се обратило до Папата за помош за својата девојка Ноеми, болна од спинална амиотрофија. По враќањето стигнал во домот Света Марта и го известил Папата кој потоа ги замоли верниците на плоштадот Свети Петар за молат за девојчето.
Дон Корадо додава дека папата Фрањо често вели „Моите раце се прекратки. Да ги продолжиме со твоите.“
Лаудато/Д.И.