Близина на Папата до жртвите од пожарот во Португалија

Португалија е во голема вознемиреност поради пожарот кој веќе повеќе денови предизвикува голема штета, особено во северот на земјата. На островот Мадеира има тројца загинато, а стотина куќи се уништени и расте бројот на раселените. Папата испрати порака со сочуство и изразува близина на жртвите.

Во текстот кој е потпишан од кардинал Паролин, а упатен до бискупот на Фунхал, монс. Антонио Карих, Светиот Отец истакнува дека е во тек со „тажната вест за страшните пожари кои избувнаа на остовот Мадеира“ и изразува „сочуство и сочуство во болката“ на сите кои се погодени. Папата изрази „солидарност и духовна близина“ на раселените лица и вети дека ќе моли за брзо излекување на раните и „храброст и утеха во христијанската надеж“ за сите жртви на трагедијата. На крајот изрази благодарност на оние кои се борат против пожарот.

Пораката на Папата е прочитана на 15 август, за време на прославата на Богородица, заштитничка на Фунхал. Во својата хомилија, монс. Карих истакна: „Не може, а да не се сетиме на оние кои починаа и да не им ја изразиме својата длабока солидарност со сите кои почуствуваа болка и страдање, особено оние кои ги изгубија своите куќа и имотот“.

Бискупот, го пофали „гестот на солидарноста“ кој секој ден е сè повеќе меѓу населението и институциите во корист на несреќните. Ги пофали „силата и храброста“ на Португалците, кои можат „да гледаат напред и да градат иднина“. На крајот упати молитва до Пресвета Богородица, барајќи „помош, охрабрување и сила“ за сите верници.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот