Папата го прими кардинал Амато и одобри некои декрети

На 8 јули 2016 година Светиот Отец во приватна аудиенција го прими Неговото Високо Преосвештенство Кардинал Анџело Амато, префект на Конгрегацијата за постапките за канонизација. За време на средбата со кардинал Амато, папата Фрањо ја овласти Конгрегацијата за прогласување на неколку декрети. Според листата која содржи вкупно девет предмети, Црквата официјално призна едно чудо, две мачеништва и шест Божји слуги со херојски крепости.

РВ/к.мк/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот