Што има радосно во болката?

Неизбежно: Човечкиот живот е исполнет со болни и тешки настани. Колку и да се стремиме кон среќата и исполнувањето, болката се јавува како еден вид на природна рамнотежа на нашите  души. Тогаш како да имаме потреба од надополнување на сопственото вдахновение и изострување на изворот на сопствената среќа. Кога сме во болка, всушност чезнееме за вистина и љубов, и затоа треба да бидеме внимателни каде да ја бараме утехата.

Болката е толку нормална, а повторно посакуваме брзо да се решиме и да се вратиме во сигурна состојба. Кога човекот е во болка, тој е фоксиран само на себе, не може  да размислува јасно и да носи вистински одлуки. Посакува само што поскоро да се извлече од тоа, мислејќи дека се ќе направи подобро, само ако ова помине… Понекогаш од таа болка може да излезат чуда, бидејќи тоа е време на интезивна потрага за себе и за смислата. Но ако земеме погрешни  “лекови”, последиците би можеле да бидат полоши од сегашната состојба на страдање…

Болката е време кога имаме можност да допреме до најдлабокото од она што сме како луѓе и кон што се стремиме ако сме верници или пак уште се бараме на тој пат. Нема толку добро филозофско ниту пак практично објаснување зошто болката се случува, и како (како човек поединец) целата болка на светот да се откупи и да се овозможи среќа за сите. Апсолутно е невозможно да се објасни од каде е сето тоа, и како и зошто му е на некој дадено? Зошто токму на мене? Зошто токму на нив?! Но суштината е дека низ болката стануваме почовечни, поблиску сме до сопствените темели на чистата љубов и давање на одговор на вистинските прашања. Преку болката најмногу го бараме вистинскиот пат на радоста. Преку сомнежите доаѓаме до спознанието. Преку страдањето се поврзуваме во љубовта. Знаејќи дека тоа е така, можеби се обидуваме подлабоко да ја разбереме сопствената болка и од тоа да извлечеме животна лекција – да се изградиме, да созрееме, да го продолжиме рокот на траење на својата љубов, да оствариме љубов со другите, да се вратиме во потрагата за смислата и Вистината.

Болката не се случува без причина – секогаш има многу фактори кои нѐ доведоа до тоа каде сме. И колку да е болн, ако одиме и бараме во верата, преку болката ќе добиеме прилика да пораснеме т.е. конечно да победиме во радоста. На тој пат ќе бараме утеха и надополнување, враќање во зоната на сигурноста и комотен живот. И ако тука откажеме, ако се задоволиме со површни решенија, не признавајќи ги сите нивоа на сопствената болка, нѐ очекуваат уште позамрсени и потешки ситуации…

Болката е основен дел од потрагата, составен дел на растот во духовноста и спрема тоа, болката носи смисла. Не преближува до “оргиналот”, најдоброто во нас, како да сме подготвени да го живееме најдоброто и најрадосното од животот. Болката е повик на нашата гладна душа која бара исполнување во наголемото добро од сите (Бог). Болката е повик на револуција на сопствениот живот. Тоа е можност за промена која носи победа.

„Па така и вие, сега сте нажалени; но Јас пак ќе ве видам, и ќе се зарадува срцето ваше, и радоста ваша никој нема да ви ја одземе“ (Иван 16,22)

Битно нет/А.С.

Категорија: Размислување

За авторот