Четири лица загинаа во напад на Католичка црква во Мјанмар

Четири лица загинаа во напад на Католичка црква во Мјанмар

Во напад на армијата на Мјанмар врз Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во понеделник 24 мај 2021 година, се убиени четири лица. Нападот се случил во раните утрински часови во Кајантјар кај Лоикава, главниот град на државата Кајах, од кој сериозно е оштетена и самата црква.

Скоро половина од 290.000 жители на Кајаха на исток од земјата, на границата со Тајланд, се христијани. Во текот на изминатиот викенд на црковно земјиште, околу 300 луѓе побарале засолниште од вооружените борби од војската и бунтовничките групи.

Во бискупијата Лоикав, илјадници луѓе побараа засолниште во католичките цркви и манастири. Во соседната држава Шан на празникот Педесетница војската пукала во Католичката црква. Бунтовничката група „Народни одбранбени сили“ на неколку места во Кајаху ги запалила куќите на соработниците на режимот и државните згради. Обединетите нации стравуваат од хуманитарна криза во импровизираните бегалски кампови во шумите на зоната на конфликтот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет
Ознаки Мјанмар

За авторот