Пред 509 години основана Папската швајцарска гарда

Една од најмалите и најживописни армии во светот секако е познатата Папска швајцарска гарда. Нејзината должност најпрво била да го заштитува поглаварот на Католичката црква, а денес има претежно церемонијален карактер.

Швајцарските војници отсекогаш биле познати како добри платеници. Папската швајцарска гарда ја основал папата Јулиј II. Датумот на нејзиното основање се смета дека е на 21 јануари 1506 година, кога 150 швајцарски војници стигнаа во Рим каде на плоштадот свети Петар самиот Папа ги благослови.

Швајцарците се организирани во силна и дисциплинирана единица која била директно потчинета на папите. Сепак, папската гарда не го задржала континуитетот бидејќи неколку пати била распуштувана и повторно ставена на служба.

Својот најсветол, но и најтрагичен момент Папската швајцарска гарда го доживеала во 1527 година, кога платените војници на царот Карло V го окупираа и го ограбија градот Рим. Бранејќи го папата Клемент VI при повлекувањето во тврдината Сант Анџело, од 189 швајцарски гардисти загинаа 147 заедно со нивниот командант. Во спомен на своите славни противници секоја година на овој ден нови регрути на гардата полагаат заклетва пред Папата во дворот свети Дамаск.

Младите регрути мора да бидат швајцарски државјани и католици. Служењето им трае 2 години, а можат да ја продолжат најмногу на 25 години. Денес Папската швајцарска гарда брои 100 гардисти. Се состои од 4 офицери, капелан, 23 подофицери, 70 хелебардисти и 2 тапанари.

РВ/З.А.

Категорија: Ватикан

За авторот