Папата присуствува на погребот на неговиот неодамна починат личен лекар

Папата присуствува на погребот на неговиот неодамна починат личен лекар

Папата Фрањо во вторник, 26 јануари 2021 година попладне присуствуваше на погребот на неговиот личен лекар Фабрицио Сокорси. Светата Литургија во црквата „Света Марија Царица на семејството“ во палатата на Гувернаторството ја служеше државниот секретар кардинал Пиетро Паролин.

Лекарот беше пет години личен лекар на Папата. Почина на 9 јануари во клиниката Џемели во Рим од компликации предизвикани од коронавирусот. Таму беше хоспитализиран и поради карциномот, со кој се бореше. На 2. февруари, Сокорси ќе наполнеше 79 години.

Сокорси е роден во Рим, дипломирал медицина во 1968 година. Работел како специјалист по интерна медицина со посебна специјализација по хепатологија и како универзитетски професор. Тој исто така бил главен лекар на различни оддели на Римската клиника Сан Камило Форланини и советник на медицинската служба во ватиканското Гувернаторство и како медицински експерт во Конгрегацијата за блажени и канонизација. Во 2015 година Папата го назначува за свој личен лекар.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот