Латеранската резиденција ќе биде музеј

Латеранската резиденција ќе биде музеј

Папата Фрањо одлучи Латеран, поранешна Папска резиденција во Рим, во иднина да служи за културни содржини, затоа што „како римски епископ се чувствува должен да го направи достапно културното наследство што му е доверено“, пренесува „Катпрес“.

Во вторник 16 март 2021 година, Папата му даде упатства на својот Генерален викар за Римската бискупија, кардинал Анџело Де Донатис, кој ќе ја оспособи резиденцијата и нејзините згради за „музејски и културни активности“.

Латеранскиот комплекс заедно со базиликата е екстериторијален имот на Светиот Престол, во кој во моментот се сместени црковни канцеларии.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот