Папата: Мигрантите се луѓе, а не социјално прашање

Папата: Мигрантите се луѓе, а не социјално прашање

Папата Фрањо служеше света Литургија по повод шест години од неговата посета на италијанскиот пристанишен град Лампедуса, кој често е дестинација за мигрантие на нивниот пат кон Европа

Исус им открива на своите ученици дека е неопходна преферцијалната опција за последните, кои треба да го имаат првото место во делата на љубов – рече папата Фрањо во хомилијата на светата Литургија, која ја служеше на 8 јули 2019 година во базиликата Свети Петар во Ватикан.

Мигрантите пред сѐ најпрво се човечки личности, не се работи само за социјални или селидбени прашања. Мигрантите денес се симбол за сите кои ги отфрла глобализираното општество – истакна Светиот Отец во хомилијата. Притоа потсети на многу „последни“ кои жеднеат за „ослободување“: луѓе кои се прелажани и оставени да умираат во пустината, жртви на мачења и затвореници во логори, оние кои пловат преку немирното море и кои предолго остануваат во камповите за привремено прифаќање. Тие се оние последните за кои Исус нѐ повикува да ги љубиме и подигнеме.

Зборувајќи за литургиското читање за скалите на Јаков, Светиот Отец нагласи дека само Бог широко го отвора небото за оние кои живеат на земјата и дека само Бог спасува. Скалите по кои ангелите Божји слегуваат и се искачуваат ја претставуваат „поврзаноста на божественото со човечкото, кои историски се остварува преку Исуовото овоплотување“ и се „алегорија за божествената иницијатива, која претходи на секое човечко движење“. Кон тоа е и „антитезата на Вавилонската кула“, која луѓето ја изградиле со сопствени сили, сакајќи да станат богови. Наспроти тоа, Бог е оној кој слегува кај нас, кој се објавува преку Емануел, Бог со нас и кој нѐ спасува – рече Папата.

Преку Исус врската на земјата и небото е загарантирана и е достапна на сите. Но искачувањето по тие скали бара напор и милост – истакна Папата додавајќи: На најслабите и најранливите треба да им се помогне. Ми се допаѓа мислата дека ние можеме да бидеме тие ангели, кои се искачуваат и слегуваат, земајќи за рака мали, фатени, болни, исклучени; последните кои инаку би биле оставени и би ја гледале само земската беда, без да видат сега некој одблесок на небеста.“

Коментирајќи за евангелието во кое се зборува за началникот кој го моли Исус да ја оживее неговата ќерка, како и верата на жената која страдала од крварење, Светиот Отец истакна дека Исус не прави разлика помеѓу нивните потреби, туку и двајцата великодушно ги ослободува од неволјите, кои ги ставаат во редот на „последните“, кои треба да ги љубиме и подигнеме. „Има многу облици на сиромаштво денес…. „сиромаси“ во многубројни дизмензии на немаштија, искористувани, маргинилизирани, стари, болни, оние кои се сметаат „последни“ во општеството – потсети Папата.

Помошта на последните е „голема одговорност, од која никој не може да биде ослободен ако сакаме да го исполниме посланието за спасение и ослободување, а на таа соработка нѐ повика самиот Господ – рече на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот