Папата ги прими претставниците од Италијанското здружение на слепи лица и лица со оштетен вид

Треба да имаме храброст во искушенијата на животот и да не се затвораме, туку напротив да се отвориме за другите и да бидеме заедница и во време во кое се истакнуваат индивидуалистичките права – е поттикот на папата Фрањо упатен на членовите на Националниот совет на Италјанската унија на слепи и лица со оштетен вид кои на 13 декември ги прими во аудиенција по повод празникот на света Луција заштитничка на слепите лица и лицата со оштетен вид.

Света Луција маченичка од Сиракуза, на Сицилија која живеела во IV век во време на владеењо на цар Диоклецијан и умрела во маки – потсети Папата – нè поучува на некои човечки вредности кои се заеднички за сите, верниците и оние кои не веруваат. Во таа смисла папата Фрањо го пофали тој совет бидејќи иако не станува збор за некое верско здружение, нивната желба била средбата со папата да се одржи токму на денешен ден, потврдувајќи така дека за нив традицијата има одредено значење.

Светиот Отец пред сè ја истакна храброста на таа млада жена – како што рече – што ја добивала од воскреснатиот Христос. На сите ни е потребна храброста за соочување со искушенијата во животот – рече и додаде дека на посебен начин, таа е потребна на слепите и на оние луѓе со оштетен вид за да не се затворат во себе, за да не се прикажуваат жртви, туку напротив за да се отворат за реалноста, за другите; за општеството; за да научат да ги познаваат и вреднуваат способностите кои Господ ги дава на секој, навистина секому не исклучувајќи никого! Но, за тоа е потребна храброст, сила на духот – истакна папата Фрањо.

Другата вредност која ни ја покажува света Луција е фактот дека не била сама, туку била дел од заедница. И тој аспект – рече Папата – има свој одраз на човечкиот план. Здружението е вредност, а не само збир на поединци; тоа е многу повеќе. Денес димензијата на здруженост потребно е да се живее со радост и ангажирање, бидејќи тоа во овој историски момент е во пад, се нема големо чувство зав тие работи. Да обликуваш група, да бидеш солидарен, да се сретнеш, да споделиш искуства, да ги здружеш средствата… сето тоа е дел од хуманото наследство на еден народ – рече Светиот Отец.

Често хендикепираните или луѓето со инвалидитет можат преку своето искуство на сите да им кажат дека не сме создадени за да бидеме изолирани туку за да бидеме во врска со другите, за да се надополнуваме, помагаме, придружуваме и взаемно да се поддржуваме. Присуството на хендикепирани луѓе ги поттикнува сите луѓе да обликуваат заедница; уште повеќе да бидат заедница, да нè прифатат заедно со нашите ограничувања – истакна Папата – сите имаме способности, но сите имаме и ограничувања!

На крајот света Луција ни кажува дека животот е создаден за да биде подарен, а вредноста на дарот е самиот по себе универзален; тоа е тајната на вистинската среќа. Човекот не се остварува потполно во поседувањето, а ниту во делувањето; туку се остварува ако сака, односно ако се дарува – рече Папата и истакна дека животот според тие вредности и денес може да доведе до неразбирање, до напорно одење, понекогаш и против струјата. Меѓутоа, тоа – според зборовите на Папата – не зачудува; сведоштвото секогаш бара лично да се плати. Денешните општества кои се потпираат на „индивидуалистичките“ права би можеле да ја заборават димензијата на заедништвото и бесплатното дарување за другите. Поради тоа потребно е да се бориме и тоа храбро и радосно заради тоа што тоа го правиме заедно – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот