Во Исуса сме љубени

Oколу деветиот час извика Исус со висок глас и рече: “Или! Или! Лама савахтани?” А тоа значи: “Боже Мој, Боже Мој, зошто си Ме оставил?” (Мт.27,46)

 Некои од оние, што стоеја таму, штом го чуја тоа, рекоа: “Ете, го вика Илија.”

37Исус, пак, кога испушти висок глас, издивна.

38 И црковната завеса се расцепи на две, одозгора додолу.

39 А стотникот, што стоеше спроти Него, кога виде дека Он, откако извика така и издивна, рече: “Навистина Овој Човек бил Син Божји!”

40 Имаше и жени што гледаа оддалеку; меѓу нив беше и Марија Магдалена, и Марија, мајката на малиот Јаков и Јосија, и Саломија,

41 кои и тогаш, кога Он беше во Галилеја, врвеа по Него и Му служеа“.(Мк.15,35,37-41)

Врвеа по него и му служеа.

Исус оди, проповеда, ја кажува вистината и ја сведочи вистината, покрај неговите ученици – апостоли, кои Он ги избра, по него тргнуваат жени кои го следат и со својот имот го подржуваат. Благодарни што можат да бидат во негова, односно Божја близина.

Светиот Лука ќе запише: „Потоа Он (Исус) одеше по градовите и селата, проповедајќи и благовестувајќи го царството Божјо; а со Него беа дванаесетте,

  2 и некои жени: Марија, наречена Магдалена, од која беа излегле седум демони;

  3 И Ивана, жената на Хуса, настојникот Иродов, и Сузана, и многу други, кои Му служеа со своите имоти.“ (Лк.8,1-3)

Кои беа тие жени? Онаа што не ни го донесуват евангелијата и другите Новозаветни писма го дознаваме од други историски и некои апокрифични записи.

1. Според таквите записи, кои, Црквата ги зема со резерва и никогаш не ги прогласила за автентични, Марија од Магдала пред да доживее преобраќање не била жена на добар глас. Таа била богата и со слободарски дух. Но по средбата со Исус, кога доживеела и духовно и телесно оздравување целосно го сменила погледот на животот и тргнува да го следи Исуса. Да го следи но со сето свое срце и сета своја душа, подготвена и животот свој да го даде за него. Затоа онаa што денес е сигурно дека таа по своето обраќање станува сосема друга личност и е славена како светица. Ден на спомен во Црквата е 22 јули.

2. Втората жена која Лука ја спомнува во придрижничките кои верно го следеле Исуса и му служеле е Ивана, жена на Иродовиот надстојник Хуз.

Не се знае точно како Ивана тргнала да го следи Исуса, зашто тоа било доста неверојатно во тоа време. Жена на така угледен чиновник, со така висока општествена положба да тргне и го следи патувачкиот Учител изгледало доста чудно. Како можна дата на нејзиниот почеток на преобраќање се зема погубувањето на св. Иван Крстител. Смрта на тој праведник придонела за нејзино преобраќање. Но бездруго таа била жена од вера и истрајна, зашто го следела Исуса до крај. Ја среќаваме и на воскресното утро (Лк.24,10), што се доживеела и со какви тешкотии се среќавала евангелието дирекно не ни кажува, но дека ја подржувала Првата Црква и дека Црквата неа ја смета за светица знаеме со сигурност, зашто таа има свое место во црковниот календар на светци: и тоа две според западна традиција  24 мај, а според источната на 27 јуни.

3. Сузана, ако сакаме нејзиното име да го преведеме би било во второ име кое на македонски се користи е Лилјана (Крин), со исто значење.

Таа секогаш се зема дека била меѓу мироносиците и најстарите иконографија секогаш ја стават меѓу нив во иконите, но сепак сето тоа писмено не е потврдено па затоа во Bibliotheca Sanctorum не е наведено нејзиното име, зашто не се знае со точност нејзиниот крај. Некои ја мешат со св. Сузана Римјанка која е маченица од крајот на трети век.

Зошто Лука така свечено ја спомнува и дали е таа меѓу „останатите“ не знаеме. Оти можеби и не издржала до крајот, зашто не е доволно само по Исуса да се појде, треба и на целта да се стигне, да се издржи на започнатиот крстен пат, да се испие чашата до крај. Кој така прави, тој и ќе се спаси.

4. Се спомнуваат Марија, сопругата на Клеопа, мајка на Јаков, Јосиф, Симон и Јуда. Која се спомнува и под крстот и на воскресното утро. Според тврдењето на некои учители од старина Клеопа би требало да е брат на Јосиф, свршеникот на Дева Марија.

5. Саломија, таа се спомнува пет пати во евангелијата. Најверојатно е мајка на Јаков и Иван. Заведеевите синови кои се провикани Воанаргес  или синови на гром (Мк.3,17).

6. Како пред заклучок сакам да ја спомнам жената која му ја отвори вратата на христијанското учење во Европа, Македонката Лидија. Во представувањето на „богобојазната“ жена од Филипи, Лука покрај тоа дека ја претставува како една која знае да слуша и, ѝ дава уште еден знак, односно е забележителна и во посредувањето во навестувањето на Словото, е во служба на исполнување на Воскрснатиот. Така ни потврдува дека Лидија е во милост на Господ, кој пак и го отвара срцето за да се придружи во навестувањето на Павле.

Тој дел на кажувањето можеме да го споредиме со Дела 8 глава 6 до 8 ред, каде читаме: „Народот еднодушно внимаваше на тоа што зборуваше Филип, слушајќи и гледајќи ги чудата што ги правеше тој;

зашто нечисти духови со голем вик излегуваа од оние во кои се наоѓаа, и мнозина неподвижни и сакати оздравуваа.

И голема радост настана во тој град“.

Со една иницијатива слична на онаа со која Господ Исус Христос по воскресението им ги отвори Писмата на учениците, згрејувајќи им го срцето „И си рекоа еден на друг: „Зар не гореа срцата наши, кога ни зборуваше по патот и кога ни го објаснуваше Писмото?” (Лк. 24,32). И: „Тогаш им го отвори умот за да ги разбираат Писмата“ (Лк.24,45). Со овој извештај на Господовата интервенција, Лука ни одговара на прашањето зошто само Лидија, покрај сите жени кои беа собрани се отвори кон навестувањето и стигнува до верата.

Отворањето кон новото навестување, односно со прифаќањето на верата се стигнува до правото на крштение. Со крштението нејзино и на нејзините домашни, се отвара можноста за славење на Воскреснатиот, преку навестување. Но сега не веќе Лидија како единка, туку таа опкружена со заедница. Значи се отвара прашањето што се подразбира под домашни: домашни – фималијарни, домашни – молитвено, домашни – работно… сите тие го привлекуваат вниманието на авторот, кој јасно става до знаење – создадена е првата христијанска заедница во Филипи. Лука е многу јасен во преданието на првото ширење  на Радосната вест, сето внимание го насочува на важноста во обраќањето или создавањето на „фамилијарна заедница“.

Жената е столбот на семејството и фамилијарното заедничко молење, Исус е многу отворен кон женскиот свет кои го следат во неговиот евангелизаторски и крстен пат. Ним им припаѓа соодветна улога во неговото послание. Го имат местото на одговорни и незаменливи сведоци на Исусовата Калварија, при смрта и погребот, а се сведоци и на укажувањето на воскреснатиот Христос. Но сепак, ниту една, па ниту својата родна мајка, Исус не ја прави апостол (апостолка), ниту ги посветува ниту им доверува водителска улога. Тоа еднодушно го држи и католичката и православната традиција. (Ratko Perić – Isusove sugovornice 242-243)

Жените во парохискиот живот имат своја драгоцена улога, притоа нормално се додават и правата и должностите, кои психолошки се складни на женскиот свет. Во се жената може да биде вклучена во црковните дејности: вероучителки во парохиската катехизација, водителки на парохиските хорови, делителки во каритас, управителки на некои црковни организации…

Во Христа и преку Христа сме сите Браќа и Сестри затоа најдобро се функционира кога секој исполнува се во љубов.

Пишува: о.Зоран Стојанов

За авторот