Трговијата со луѓе е срам за нашето општество

Ватикан, 25.5.2013 /к.мк/ – Тргувањето со човечките битија е срамотна работа – заклучи Папата говорејќи на учесниците на пленарното собрание на Папскиот совет за пасторал на мигранти, кои претпладнето на 24 мај ги прими на аудиенција во Ватикан. Потврдувам дека тргувањето со луѓе е гнасна работа, срамота за нашите општества кои се сметаат за цивилизирани. Искористувачите и клиентите мораат на сите нивоа да направат сериозен испит на совеста пред себе, но и пред Бог – рече Светиот Отец говрејќи за трговците со луѓе, истакнувајќи дека оваа појавата за жал е во пораст. Говорејќи за заземањето на Црквата во борбата против трговците со луѓе, Папата рече дека Црквата постојано повикува да се чува достоинството и важноста на секоја личност, почитувајќи ги основните права. Во денешниот свет многу се зборува за човековите права, а колку многу се гази по човечкото достоинство! Изгледа дека свет во кој се величаат човековите права, парите имаат најмногу права. Драги браќа и сестри, живееме во свет каде царуваат парите, живееме во свет, во култура каде владее обожавање на парите – заклучи Папата.

Говорејќи за жртвите на трговијата со луѓе, Папата ги повика владите и целата меѓународна заедница да го штитат достоинството на жртвите, да го подобрат квалитетот на нивниот живот и се соочат со новите облици на модерно прогонство, угнетување и ропство. Се мисли за лицата на кои им е потребна солидарност и помош, чија сосотојба бара итни мерки, но и посебно разбирање и добрина. Бог е добар: да бидеме добри како него. Не може да се биде рамнодушен пред нивната состојба – рече Светиот Отец. Говорејќи за помош на оние кои се принудени да ја напуштат сопствената држава и да живеат помеѓу искоренувањето и интеграцијата, Папата им заблагодари на сите кои се заземаат во Црквата за подобрување на нивната состојба. Христијанската милост, сочуство со оној кој трпи, главно се забележува во согледувањето на причинителот кој потикнува насилно иселување и во давањето глас на оние чиј крик на болка и угнетување не може да се слушне. Ваша задача е христијанските заедници да ги направите чувствителни за браќата во потреба – истакна Папата.

Папата говореше за раните како насилство, искористување, губење на семејната љубов, бегањето од дома, несигурната иднина живеејќи во бегалски логори. Тие рани барат посебна пасторална грижа која ги почитува нивните традиции и ги следи во хармонично приклучување во црковните случувања во кои живеат. Христијанските заедници нека бидат вистинско место за прифаќање, слушање и заедништво. Драги пријатели, не го заборавајте телото Христово, а бегалците се неговото тело – рече Светиот Отец повикувајќи ги сите во очите на бегалецот да откријат трошка надеж.

Се восхитувам на храброста на оние кои се надеваат дека постепено можат да го обноват нормалниот живот, исчекувајќи да се исполни со радост и љубов. Сите можеме и мораме да ги охрабриме во нивната надеж – заврши папата Фрањо.

(СиМ.)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<