Папата: Помогнете му на украинскиот народ за време на Божиќ

Папата: Помогнете му на украинскиот народ за време на Божиќ

На крајот од Генералната аудиенција, папата Фрањо ги повика сите верници да ја обноват својата близина со украинските браќа и сестри кои страдаат, да им помогнат со хуманитарна помош и да ги чуваме во нашите срца за време на Адвент и Божиќ.

На редовната Генерална аудиенција во среда 14 декември 2022 година, папата Фрањо ги повика верниците да се сетат на украинскиот народ кој страда од студ, глад и недостаток на лекови и да направат симболичен гест, духовен или материјален, за да ја покажат својата близина со народот кој страда.

Добротворна близина со Украина

„Да ја обновиме нашата близина со измачениот украински народ, истрајувајќи во горлива молитва за оние наши браќа и сестри кои многу страдаат. „Браќа и сестри, ви велам: има многу страдања во Украина, многу, многу… Сакам да го свртам вашето внимание малку на претстојниот Божиќ и на славењето“.

„Убаво е да се слави Божиќ и да се прославува… но да ги намалиме малку божиќните трошоци. Да го направиме Божиќ поскромен, со поскромни подароци”.

„Она што ќе го заштедиме да го испратиме на украинскиот народ, кој има потреба и многу страда: гладуваат, страдаат од студ, а многумина умираат затоа што има недостиг од лекови и медицински персонал при рака“.

„Да не заборавиме: нека биде Божиќ во мир со Господа, но и со Украинците во нашите срца! Да го направиме овој конкретен гест за нив!“, рече Папата во поздравите до италијанските верници на Генералната аудиенција во среда.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот