Претседателот Иванов упати честитка до сите верници по повод празникот Воскресение Христово

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов Иванов, по повод големиот христијански празник Велигден упати честитка до сите верници христијани кои овие денови го слават празникот на Воскресението Христово.

Во овие празнични денови ми претставува особено задоволство и чест, на сите верници, да го честитам христијанскиот празник, празникот над сите празници, Воскресението Христово – Велигден.

Посакувам и овој Велигден, вдахновени од неговата симболика и значење, да го исполниме нашето секојдневје со љубов и дарување. Нека овој голем ден донесе радост, светлина и љубов, и нека нè мотивира за градење вистински хуманизам и искрено човекољубие кон сите наши сограѓани.

Велигден е доказ дека не постојат ограничувања кои не можат да се надминат. Со верба, надеж и љубов да продолжиме во градењето на просперитетна иднина за нашата татковина. Најсрдечно Ви посакувам Велигден да го поминете во мир, здравје, радост и хармонија.

Нека е честит празникот и за многу години. Христос воскресна, навистина воскресна!, се вели во честитката од претседателот Иванов упатена до христијанските верници.

Категорија: Македонија

За авторот

Write a Comment

Your e-mail address will not be published.
Required fields are marked*