Скопје: Прославен празникот на музичарите

Скопје: Прославен празникот на музичарите

На 22 ноември 2019 година, скопскиот катедрален хор и бендот Агапе го прославија празникот на света Цецилија Римска, заштитничка на музиката и музичарите.

По светата Литургија тие имаа заедничко дружење каде после вечерата, освен пејачките ги покажаа и своите актерски способности преку неколкутигри кои беа претставени, со цел дружењето да биде побогато.

На самиот крај, секој од присутните извлече по една порак од папата Фрањо кои ги упати до Италијанското здружение Света Цецилија на 29 септември 2019, а се наменети токму за музичарите и пејачите.

Како знак на благодарност за посветеноста и дарувањето, им беа доделени подароци на с.Татјана, која го води хорот, професор Марија Докузова, која со години се дарува себеси свирејќи на оргула и која за жал од оправдани причини не беше присутна вечерта и на скопскиот парох дон Давор, кој секогаш со своите зборови но и дела го поддржува и ограбрува хорот и бендот Агапе.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот