Нова Маала: Благодарна молитва по повод привршувањето на Годината на семејството

На 25 номеври 2014 година вторник во парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала се служеше света Литургија и благослов со светото Причастие по повод привршувањето на годината на семејството.

До затворањето на годината на семејството секој вторник и четврток во 16 часот во нашата парохија ќе се служи благодарна молитва со тоа што на секоја света Литургија ќе бидат поканети по десетина семејства да земат учество. На тој начин сите семејства ќе имаат можност да благодарат на Бога за сите добра кои ги примиле во изминатата година.

К.мк/о.С.Р.

Категорија: Македонија

За авторот