Православна делегација од Цариград во Ватикан за празникот Свети Петар и Павле

Ватикан, 27.6.2013 /к.мк/ – Во рамките на традиционалната размена на делегации за патроните празници, од 27 до 29 јуни делегација на Вселенската Патријаршија ќе го посети Ватикан, објавено е во четврток 27 јуни во Ватикан. Православната делегацијата ќе биде предводена од Пергамскииот митрополитот Јоанис Зизиулас, копретседател на Мешовитата меѓународна комисија за теолошки дијалог меѓу Католичката и Православните цркви, придружуван од Синопскиот архиепископ Атенагора – помошник на митрополитот на Белгија и од архимандрит Продромос Ксенакис, заменик – секретар на Светиот Синод на Грчката православна црква. На 28 јуни православната делегација ќе биде примена од папата Фрањо, а ќе оствари средба и со одговорни лица од Папскиот совет за промовирање на христијанското единство. На 29 јуни православната делегација ќе учествува на свечената света Литургија која ќе ја служи папата Фрањо на плоштадот Свети Петар. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

Your e-mail address will not be published.
Required fields are marked*