Патер Ломбарди за безбедноста на Светиот Отец: Папата ги сака луѓето, и луѓето го сакаат Папата

Рио де Жанеиро, 25.7.2013 /к.мк/ – На прашањето за безбедноста на Папата, гласноговорникот на Ватикан патер Ломбарди во среда 24 јули изјави дека „е сосема нормално на првиот ден преку новите искуства да се научи нешто ново“. „Папата ги сака луѓето, и луѓето го сакаат Папата“.

При тоа на прес конференција во Рио де Жанеиро, патер Ломбарди изјави дека службите од Ватикан и Бразил задолжени за безбедноста на Папата се сретнале во резиденцијата на архиепископот од Рио де Жанеиро. Состанокот поминал во пријатна атмосфера и при тоа е истакнато дека треба да се почитува желбата на папата Фрањо а да му се овозможи директен контакт со луѓето. На прес конференцијата патер Ломбарди објави и некои мали измени во програмата на Светиот Отец за време на Светскиот ден на млади: Во четврток, 26 јули папата Фрањо ќе се сретне со неговите сонародници. Ова не беше предвидено во официјалната програма. Покрај тоа патер Ломбарди потврди дека во четврток Папата ќе се сретне со Пеле, легендата на бразилскиот фудбал. (го*ко)

Категорија: Uncategorized

За авторот

Write a Comment

<