Благодарност на Светиот Отец на крајот од Светата Литургија

Благодарност на Светиот Отец на крајот од Светата Литургија

Чувствувам потреба да ја изразам мојата благодарност. Му благодарам на Епископот на Скопје.
Пред завршниот Благослов на светата Литургија на плоштад Македонија во Скопје обраќајќи се до присутните рече: Чувствувам потреба да ја изразам мојата благодарност. Му благодарам на Епископот на Скопје за неговите зборови, но пред сè за целокупната работа која ја обави во подготовката на овој ден. Заедно со него им благодарам на сите оние кои соработуваа во подготовката, на свештениците, на монасите и монахињите и верниците лаици. Од срце ви благодарам на сите. Го обновувам моето признание и на цивилните Државни Власти, на силите на редот и на волонтерите. Господ Бог знае најдобро на секого од вас да ве награди. Од моја страна, ќе ве понесам во моите молитви, а ве молам и вас да се молите за мене.

За авторот