Папата упати апел по повод Светскиот ден за борба против работата на малолетници

Ватикан, 13.6.2013 /к.мк/ – Во среда 12 јуни во целиот свет се славеше Светскиот ден за борба против работата на малолетници, со посебен акцент на злоупотребата на децата при куќните работи. По тој повод папата Фрањо на крајот од Генералната аудиенција упати апел во кој истакна дека е жална појавата која се повеќе е раширена, посебно во најсиромашните земји. Милиони малолетници, најмногу девојчиња, се жртви на сокриен облик на искористување кои често пати вклучуваат злоупотреба, насилство и дискриминација.

Искрено се надевам, рече Папата, дека меѓународната заедница ќе преземе поделотворни мерки во борбата против оваа појава. На сите деца треба да им се овозможи да играат, учат, молат и да растат со своите семејства, во атомсфера на љубов и радост. Тоа е нивни право и наша обврска. Среќно детство овозможува децата да гледаат со доверба кон животот и иднината. Тешко на оние кои во нив го загушуваат радосниот полет и надежта!, предупреди папата Фрањо на крајот од својот апел. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<