Папата ги прими клучевите од папамобилот за Бразил

Ватикан, 4.7.2013 /к.мк/ – Папата Фрањо во среда 3 јуни во Ватикан ги прими клучевите од „папамобилот“ кој ќе го користи кон крајот на месецот за време на Светскиот ден на млади во Рио де Жанеиро. Клучевите од возилото симболично му ги предаде на средбата во Ватикан претседателот на Дајмлер, Дитер Цетче.

Продолжувањето на таа долга традиција ги исполнува со „гордост“ сите вработени во фабриката, стои во соопштението од Дајмлер. На средбата со Папата, Цетче го извести Светиот Отец за определеноста на компанијата за одржливост, животна средина и безбеден превоз, како и за социјални иницијативи.

Според податоците од Дајмлер контактот со Ватикан постои веќе од 1930 година кога на папата Пиј XI (1922-1939) му е поклонет Нирбург 460 Пулман. Папата Иван XXIII (1958-1963) доби 300 Д автоматик, а за Павле VI. (1963-1978) најпрво беше испорачан 600 Пулман Ладаулет, а покасно 300 СЕЛ.

Од 1980 година германскиот производител на автомобили му стави на располагање на папата Иван Павле II (1978-2005) автомобил Г-класа како „папамобил“, а покасно за Бенедикт XVI (2005-2013) обезбеди модел М – класа. По употребата, автомобилите остануваат во музеите на Светата Столица во Ватикан или во Мерцедес Бенз во Штутгарт. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

Your e-mail address will not be published.
Required fields are marked*