Околу 15.000 француски градоначалници ќе се спротивстават на истополовите “бракови“

Париз, 19.4.2013 /к.мк/ – Со личен потпис 14.900 француски градоначалници ќе обелоденат јавно, дека ќе се спротивстават да регистрираат истополови “бракови“.

Повеќе од 20.000 француски градоначалници и заменици градоначалници потпишаа петиција која формулира дека потписникот е против промената на законот „која овозможува брак и посвојување на деца за двајца луѓе од ист пол“.

За тоа известуваше списанието Лајф сајт њуз укажувајќи на една статија од францускиот дневен весник „Ле Фигаро“. Според една анкета на француската агенција ИФОП за истражување на јавното мислење речиси 52 % од градоначалниците на Франција се против промената на законот.

Франк Мајер, градоначалник на Сотвил ле Вал претставник на петицијата, рече дека „ретко, еден закон обедини толку многу локални политичари.“ Мајер, додаде, дека меѓу потписниците се наоѓаат и 3.000 лево ориентирани политичари.

Покрај големиот отпор против истополовите “бракови“, Сенатот и Националнато собрание дозволија нацрт законот да помине и веќе следниот месец Националното собрание мора да ја донесе конечната одлука.

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<