Италија: Епископите го осудија нападот на плоштадот Киџи во Рим

Ватикан, 30.4.2013 /к.мк/ – Пукотниците за време на полагањето на заклетвата на новата италијанска влада според зборовите на претседателот на италијанската епископска конференција, кардинал Анџело Бањаско, се „сериозна опомена за политичкиот свет и за сите, кои носат одговорност“. Изгледа дека се работи за чин на разочарување, рече Бањаско во неделата во Џенова. Во поглед на „исклучително сериозните проблеми“ на пазарот на труд и социјалната несигурност расте разочарувањето кај многу луѓе.

Политиката би морала со одговорност и чувство да преземе нешто против големата невработеност, а со тоа и поврзаните социјални проблеми. На повредените од нападот ја изрази својата поврзаност.

За време на полагањето заклетва на новата влада на чело со премиерот Енрико Лета, во неделата едно лице пред седиштето на владата на плоштадот Киџи во Рим пукаше во двајца полицајци. Двајцата карабинери се повредени, а еден од нив се наоѓа во животна опасност. Извршителот на делото, Италијанец од Калабрија, според исказите на неговиот брат ја изгуби својата работа, а зад себе има и неуспешен брак.

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

Your e-mail address will not be published.
Required fields are marked*