Ангел Господов: Семејството е привилигирано место за пренесување на верата

Рио де Жанеиро, 26.7.2013 /к.мк/ – Во петок 26 јули точно напладне (според локално време), Папата од балконот на архиепископската резиденција во Рио се обрати на верниците со краток говор, во кој најпрво се заблагодари на срдечниот дочек, а потоа истакна дека се радува со сите што припаѓаме на Исус Христос и неговата Црква и со животот да сведочиме за таа вера. Спомнувајќи за денешниот празник, родителите на Богородица, Јоаким и Ана, папата Фрањо рече: Во нивната куќа Марија научи да го слуша Господ и да ја следи неговата волја, Јоаким и Ана се дел од долгата традиција на Божјата љубов во семејната топлина се додека Марија не го прифати Божјиот Син во своето крило и го дарува на светот, го дарува на нас. Тие ни ја покажуваат посебната вредност на семејството како привилигирано место за пренесување на верата, истакна Светиот Отец.

Во врска со тоа Папата потсети дека во Бразил и некои други земји од Латинска Америка денес е денот на дедовците и бабите. Тие се многу важни во животот на семејството за пренесување на човечкото наследство и вера, што е многу важно и за секое општество. Исто така е важна и средбата и дијалогот меѓу генерациите, посебно во семејствата, истакна Папата и продолжи: Децата и старите се иднината на народот. Децата бидејќи ќе донесат историја, а старите бидејќи пренесуваат искуство и мудрост од животот. Поради тоа и на овој Светски ден на млади сакат да ги поздрават бабите и дедовците, благодарејќи им од срце сведоштвото. (го*ко)

Категорија: Uncategorized

За авторот

Write a Comment

<