Среќна Нова Година

Среќна Нова Година

Честитајќи ви ја Новата година, Католици.мк ве повикува на кратко размислување од о. Томислав Иванчиќ

Новата година не носи во пресрет на нов живот, нови доживувања, искушенија, трпења, болки, но и и сигурен излез од од сето болно во здраво, чесно и вечно. Како и добриот пријател Новата година доаѓа да ти шепне, да не дозволиш деновите да ти поминуваат празни.

Не е најважно дали си болен или здрав, дали твоите години се пред крај или си млад, те чека ли многу работа или пак болеста те скршила за да немаш никаква работа. Не е важно на кого припаѓаш и што работиш, туку каде ќе одиш во идинината, што ќе работиш и во кого веруваш. Ти знаеш дека луѓето кои се добри, кои го сакаат човекот, кои се дружат со Бог, никој не може да ги уништи.

Зачекори храбро во новата година. Одлучи денес дека секој ден ќе имаш барем пет минути време за разговор со Бог. Пронајди некоја молитва, која лично одговара на твоето срце и моли ја секој ден. Пронајди ја својата главна грешка и во новата година обиди се секој ден полека да ја отфрлаш и потполно да ја искорениш. Одлучи денес да им простиш на сите кои ти се непријатели, во срцето замоли ги сите оние кои си ги навредил да ти простат, загледај се во Божјото лице и посакај Бог да ти прости сѐ и да бидете пријатели. Тие одлуки се доволни за да ти биде Новата година сигурно успешна, среќна и благословена. Тоа ќе биде силата која исполнува со успех, здравје, мир. Важно е да се направи првиот чекор, следниот ќе биде полесен. Важно е да согледаш што сакаш од својот жвиот и денес одлучи да одиш во тој правец.

Среќна и благословена Нова година!

Меѓугорје инфо/Томислав Иванчиќ/к.мк

Категорија: Uncategorized

За авторот