Главниот град на Северна Кореја е посветен на Пресвета Богородица Фатимска, 75 години по завршувањето на јапонското владеење и 70 години од почетокот на Корејската војна.
Бидејќи во Северна Кореја нема свештеници, ниту епископи кардиналот и надбискуп во Сеул Андреа Су јунг Јеом, бискупијата Пјонгјанг службено ја посвети на Пресвета Богородица Фатимска во катедралата Успение на Пресвета Богородица.
На 15 август се слави како Ден на ослободувањето на Кореја затоа што е крајот на Втората светска војна воедно ставање крај на јапонската колонијална власт над неа. Оваа година се одбележани 75 години од тој настан. Слободата во Кореја била пет години затоа што во 1950 започнува Корејската војна.
Кардиналот Јеом во својата хомилија напоменува дека ватиканското признавање на корејската влада овозможи и нејзино признавање од страна од Обединетите нации. После хомилијата кардиналот Јеом ја круниса статуата на Пресвета Богородица Фатимска и ја измоли посветната молитва.
Пораката на папата Фрањо за таа прилика повикува на „нов начин на размислување“ кој може да доведе до братско општество и да се надминат поделбите. Пораката гарантира дека Папата се придружува на католиците во Кореја молејќи за преобраќање на срцата и победа на културата на животот, помирувањето, братската љубов и трајниот мир на Корејскиот полуостров.
Како продолжување на посветата кардиналот Јеом ги повика католиците во Сеул да продолжат да се молат, да прават жртви и љубов на накана за мир и верска слобода на Корејскиот полуостров.
Лаудато/к.мк